Во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, гостуваше Мухамед Зеќири. Зеќири упати сериозни критики кон ДУИ и како главен проблем на судските реформи ги обвини ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и според него по судовите се уште работат луѓе кои се вработени од страна на Муса Џафери, Сашо Мијалков и Блерим Беџети.
Зеќири го обвини Беџети дека директно вработувал судии и затоа ситуацијата е ваква.
Беџети се вклучи директно во дебата, преку телефонска линија и влезе во остра дебата со Зеќири. Беџети го обвини Зеќири дека работи под диктат на неговиот патрон, мислејќи на претседателот на СДСМ и побара ТВ дуел со Зеќири и Заев.
На прашањето дали би коалицирале повторно со ДУИ, Мухамед Зеќири рече дека тој лично не ги сака ДУИ во коалиција и дека тие биле најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците.