ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Пропадна бојкотот на опозицијата – Собранието го усвои Буџетот за 2021 година, забрана за летови од В. Британија и самоизолација, задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

December 21, 2020 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во Собранието вчета вечер со 62 гласа „за„, без „против“ и „воздржани“, го изгласаа Буџетот за 2021 година. Собранието го донесе и Законот за извршување на Буџетот. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Кога некој колега од ДПМНЕ не познава ниту Е од економија и финансии должен сум да објаснам.
Во случајов се погоди Александар Николовски…, напиша пратеникот Коста Костадинов

Забрана за летови од Велика Британија и 14 дена задолжителна самоизолација. Комисјата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

На прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев порача дека без разлика што Европската унија испрати лош сигнал, земјава останува посветена на европските реформи кои следната година ќе продолжат со посилен интензитет.

ФРОНТ:

Летаат во авион Тито, Хитлер и Захариева… пишува Сашо Орданоски.

Јазикот и географијата не заебаваат – пишува Бранко Тричковски.

Владејачкото мнозинство ќе ги повлече предлог измените на Законот за надворешни работи со кои се предвидува амбасадор освен македонско, да може да има и друго државјанство. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го блокираат неговото донесување со поднесување 300 амандмани.

Бесплатна лекција по македонски правопис од Ружица Пејовиќ, лекторка.

Одложена амандманската расправа за законското решение за задолжително пензионирање на 64 години.

Проблемите на Бугарија со Северна Македонија денес се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство, објави на Фејсбук бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

Од денеска за влез во Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Бројот на заразени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77 милиони. Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна, соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.

Тетовската полиција заплени околу 30 илјади парчиња пиротехнички средства.  Тие се најдени кај 41 годишник од Мала Речица во објект во градот.

Фунтата денеска падна во однос на доларот и еврото, откако британската влада објави нови ограничувања за спречување на брзото ширење на новата варијанта на коронавирус, додека Франција, Германија и некои други земји дури и ги прекинаа транспортните врски со Велика Британија.

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува денеска во 11 часот и 2 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Next Post

Петров: За еден месец во ФИТР потпишани 71 договор за кофинасирање со вкупен износ од 3.112.339 евра

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk