ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нови специјалистички стручни студии „Безбедност и квалитет на храната” на Факултетот за ветеринарна медицина

December 22, 2020 11:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нова студиска програма од втор циклус специјалистички стручни студии „Безбедност и квалитет на храната“ акредитираше Одборот за акредитација на високото образование на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје. Овие студии се од подрачјето на биотехничките науки, поле на ветеринарна медицина, а право за запишување ќе имаат дипломираните студенти од областите на ветеринарната медицина, земјоделските науки, природните науки, медицински науки, соопшти денеска Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

– Како институција што создава кадар кој е одговорен за ветеринарното јавно здравство, имаме за цел да го обезбедиме концептот на т.н. „Едно здравје“, односно преку грижа за животните да се грижиме за здравјето на луѓето. Со акредитацијата на оваа студиска програма „Специјалист по безбедност и квалитет на храна“, ние остваруваме нова димензија на нашата цел, и убедени сме дека нашата институција ќе обучи навистина квалитетен кадар кој ќе се грижи за безбедноста и квалитетот на храната од животинско потекло, истакнува деканот проф. д-р Лазо Пендовски од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

По завршувањето на специјалистичките стручни студии, студентите ќе се стекнат со специјалистички стручен назив „Специјалист по безбедност и квалитет на храна” (Specialist of food safety and quality). Во доменот на оваа струка специјалистите ќе се грижат за безбедноста и квалитетот на храната, ќе учествуваат во планирање и креирање на политиките и програмите од областа на безбедноста и квалитетот на храната, а ќе изготвуваат и прописи од областа на ветеринарното јавно здравство.

-Примената на нови технологии и сè поголемиот број додатоци во производството на храна со цел продолжување на нејзиниот рок на употреба и разновидноста, бара сериозни анализи за проценка на безбедноста на храната, оваа програма цели да обучи кадар кој ќе може да спроведе квалитетна анализа и проценка, укажуваат од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје

Наставната програма ќе ги обучи студентите да извршуваат мониторинг на антимикробна отпорност, како и резидуи и недозволени супстанци кај храна, производи и суровини од животинско потекло, хемиски анализи на храната, како и да спроведуваат постапки за производство, обработка и манипулација со храна и утврдување на исполнетоста на барањата за безбедност и квалитет на храната и ветеринарното здравство  за операторите со храна.

 

/МИА/
Next Post

АЕТМ: Продолжувањето на интернет игрите на среќа е важно за Буџетот, но и за развојот на е-трговијата

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk