ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
    Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

    Дневен хороскоп со Анаис за 25 мај 2026: Колективен баланс и компромисни решенија

    Крај на една златна ера на „Енфилд“: Мохамед Салах и Енди Робертсон се збогуваа од навивачите на Ливерпул

    Заврши Фестивалот „Пеце Атанасовски“: Гран при за „Седенка од Скопје, а најдобар гајдаџија е Дејан Лазаров од Кочанско

    СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

    Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

    Постои еден човек кој може да го смени светот – учител се вика

    (ФОТО и ВИДЕО) По децении запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, се подготвува проект за целосна реконструкција

    (ВИДЕО) Живот без смартфон и имејл, Одисеја во ИМАКС: Ексклузивно интервју на Кристофер Нолан за „60 Minutes“

    Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    Кијив 24 мај 2026 година. Фото: (Државна служба за вонредни состојби на Украина/Телеграм)

    Во масивен руски напад со ракети и дронови на Кијив загинаа две лица, повредени се над 80

    Белград, протести. Фото: Скриншот

    Големи протести во Србија, студентите бараат предвремени избори

    (ВИДЕО) Усик едвај избегна сензационален пораз од поранешниот кикбоксер Рико Верхувен

    Фото: МИА

    24 Мај – Денот кога словото стана идентитет

    Фото: Кабинет на Претседател

    Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

    Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    Фото: Град Скопје

    Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

    ​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

    Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

    СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

    Западноафриканска магија на ОФФест: Виртуозното трио „Guitari Baro“ доаѓа во Скопје

  • ПОЛИТИКА

    Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

    Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

    СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

    Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

    Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

    ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

    (ВИДЕО) Филипче со јавен повик до Мицкоски: Да ги донесеме уставните измени заедно, СДСМ ќе ја сподели одговорноста

    НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

    Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

    Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

    Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

  • ОПШТЕСТВО

    Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

    Фото: Собрание на Република Северна Македонија

    Граѓанските организации апелираат: Пратениците да не го поддржат бришењето на невладиниот сектор од Законот за игри на среќа

    Конференција во Скопје: Жените извршуваат над 76% од неплатената работа за грижа, потребна е системска трансформација

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

    „Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

    Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

    Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

    20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

    „Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

  • СВЕТ

    САД објавија нова серија тајни документи за НЛО: Пријавени зелени сфери и огнени топки

    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендент

    (ВИДЕО) Кралски говор во Британија: Владата на Стармер предлага 37 нови закони за економски раст и национална безбедност

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

    Фото: МИА

    Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

    Фото: ССМ

    Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Скршеното огледало на апсурдот, носорозите меѓу нас

    Настан во Прилеп во чест на Дарко Дамески: 55 години од „Златната арена“ за „Црно семе“

    Почнува 52-то издание на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени

    Добрила и Дориан го промовираат својот трет албум „Wind To Blow“, концертната премиера закажана на ОФФест

    Италијанска музичко-поетска вечер во Филхармонија на „Скопје брас фестивал“

    Нина Ангеловска ја објави својата прва книга „Ништо случајно“: Отворено за бизнисот, политиката и мајчинството

  • СПОРТ

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Пеп Гвардиола откри зошто го напушта Манчестер Сити по 10 години: „Задоволен, среќен и горд“

    (ВИДЕО) Шок во Англија: Тухел го објави списокот за Светското првенство, нема неколку фудбалски ѕвезди

    Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

    Илустрација Фронтлајн

    Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    Фото: ВИ

    ​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

Home ДЕНЕС

Група македонски интелектуалци со отворено писмо до ЕУ за ставовите на Бугарија

October 15, 0014 14:14
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Група македонски интелектуалци со отворено писмо до Европската Унија во однос на бугарските ставови. Писмото ви го пренесуваме во целост.

Ваши екселенции,

Ние, група македонски интелектуалци, јавно го изразуваме нашиот протест поради барањата и ултиматумите во Декларацијата на Собранието на Република Бугарија, кои и група бугарски интелектуалци ги оквалификуваа како „загрижувачки и проблематични“.

Она што нас како Македонци најмногу нѐ погодува во Декларацијата, а што се коси со европските стандарди и норми, е:

1. Проблематизирањето на македонскиот јазик, за кој се вели: …. „никаде во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ‘македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фуснота да се појаснува дека е тоа „согласно со Уставот на Република Северна Македонија“ (…) и дека „треба да биде јасно дека јазичната норма која е прогласена за уставен јазик во Република Северна Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година.“

2. „(…) откажувањето од поддршката или барањето за признавање на македонското малцинство во Р Бугарија“; и

3. „Системското отстранување на квалификативот ‘бугарски фашистички окупатор’ од сите текстови на споменици и спомен-плочи.“

Во однос на првата точка истакнуваме: македонскиот јазик е историска реалност, факт, официјален јазик во земјава, користен од повеќе од 3 милиони говорители, кои живеат во нашата држава, во соседните држави, како и во дијаспората која е најраспространета на европскиот, американскиот и австралискиот континент. За нас, Македонците, апсолутно понижувачки е македонскиот јазик, како јазик со богата писмена традиција, наместо да се именува со вистинското име, да се сокрива под синтагмата „официјален јазик на Република Северна Македонија“.

Предлогот на земјата членка на ЕУ, Република Бугарија, го сметаме за непристоен, навредлив, спротивен на сите меѓународно-правни стандарди за оваа проблематика, и, најважно, спротивен на вредностите и правото на кои се темели Европската Унија. Нашата држава и нашиот јазик не се во формирање, туку имаат долга традиција.

За македонскиот јазик се вели дека генеалошки е словенски јазик, а типолошки балкански јазик и од овој аспект гледано е „најбалканскиот“ во Балканскиот јазичен сојуз. Поради историските околности и поделбата на Македонија на три дела по

Балканските војни во 1913 г., Македонците ја завршиле кодификацијата и нормирањето на својот јазик дури по Втората светска војна.

Во славистиката е општо прифатена македонската теорија (на Ватрослав Облак и Ватрослав Јагиќ) за основата на старословенскиот јазик, на кој светите браќа Кирил и Методиј ги превеле од грчки црковните книги за полесно ширење на христијанството меѓу словенскиот свет. Според оваа теорија, првиот словенски писмен книжевен јазик се базира врз македонскиот говор од околината на Солун.

Низ вековите, на македонска почва се одвива богата скрипторска дејност преку двете средновековни писарски школи, познати во научниот свет како Охридска и Кратовско-Лесновска книжевна школа. Скрипторската дејност е забавена со потпаѓањето на Македонија под османлискa власт, но не и сосема уништена. За тоа сведочат текстовите настанати во XV и XVI век (Тиквешкиот зборник, Крнинскиот дамаскин), во кои се застапени голем број црти од народниот јазик, сè со цел, овие текстови со религиозна содржина да бидат поблиски до народот, со што, пак, тие се одвојуваат од средновековната матрица зацртана од културните дејци, како Св. Кирил, Св. Методиј, Св. Климент и Св. Наум, како главни фигури во нашиот ран среден век.

Во XIX век, кога во европски рамки романтизмот е во процут, во Македонија се јавуваат првите никулци на просветителството преку ликот и делото на Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски. Во втората половина на XIX век, како време на преродба и национално будење, во Македонија изникнуваат значајни книжевни имиња како: Константин и Димитар Миладинови, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Ѓоргија Пулевски и др. Нашиот источен сосед се обидува да го присвои целиот XIX век и тврди дека сите наши дејци од тоа време се Бугари. Но, историските факти говорат дека во услови на немање држава и немање стандардизиран јазик, македонскиот обичен човек својата идентификација ја остварувал преку религијата односно црквата. Кога неканонски била укината Охридската архиепископија (1767 г.), Македонецот бил принуден да ги остварува своите верски потреби во локалните цркви кои биле под јурисдикција на Цариградската патријаршија или на Бугарската Егзархија.

Во почетокот на XX век, од печат излегува малата, но мошне значајна книшка од Крсте Мисирков, „За македонцките работи“ во која станува збор за посебноста на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Половина век подоцна заживува идејата на Мисирков за тоа што треба да биде основата на македонскиот литературен јазик. Тоа се говорите на етничка Македонија, лоцирани на потегот Велес ‒ Прилеп ‒ Битола ‒ Охрид.

Македонскиот јазик денес се изучува на сите степени од македонскиот образовен систем и се применува во сите области на современото културно живеење. Како таков тој е впишан во Регистарот на земји и јазици од страна на поткомисијата УНГЕГН при ООН, а латиничната транскрипција на македонската кирилица е усвоена со резолуција во Атина во 1977 на Третата конференција на УНГЕГН при ООН. Во 1992 година, на конгрес во Рио де Жанеиро, Меѓународниот ПЕН-центар донесе посебна резолуција со која се признава македонскиот јазик, литература, култура и нација; тој е застапен и во Европскиот лингвистички атлас (АЛЕ), основан под патронат на УНЕСКО, како и во Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), кој претставува еден од најголемите меѓународни проекти во словенскиот јазичен свет. Проектот е под покровителство на Меѓународниот комитет на славистите и е реализиран од страна на академиите на науките од сите словенски земји: во ОЛА се застапени 13 национални

академии на науки и/или соодветни институти од сите словенски земји. Нашиот јазик е влезен и во Меѓународната организација за стандардизација ISO и на Google, во чија алатка за преведување е вклучен уште пред 10 години. Огромен број страници на уметничка и научна литература се напишани на македонски јазик.

Поимите Македонец и македонски јазик се длабоко врежани во свеста на секој што живее на ова парче земја. Обидот за бришењето на овие основни атрибути на нашиот идентитет значи и обид за бришење на колективната меморија, отелотворена во нашата богата историска, фолклорна и културна традиција.

Во однос на втората точка за „(…) откажувањето од поддршката или барањето за признавање на македонското малцинство во Република Бугарија: Има ли потреба вам, како на високи дипломати на ЕУ, да ви кажуваме што значи ова? Познавате ли европска држава во која не постојат малцинства, вклучително и етнички и јазични малцинства? Дали бугарското барање не претставува кршење на основните меѓународни и европски правни стандарди во однос на граѓанските и на човековите права врзани за себеидентификацијата и самоопределувањето и по овие основи?

Очекуваме институциите на Европската Унија, како и нејзините земји членки, принципиелно да реагираат на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, секако во името на евроинтеграцијата и на добрососедските односи, следејќи ги добрите искуства и примери од претходните проширувања на Унијата. Да потсетиме и дека во однос на евроинтеграцискиот процес на нашата земја, со децении ЕУ ни повторува дека малцинствата и нивните права се многу важни. Со Рамковниот договор од 2001 година нашата земја се обврза на решенија кои ги надминуваат меѓународните стандарди за малцинските права, за разлика од Република Бугарија која беше примена во ЕУ без никаков услов кон малцинствата, вклучувајќи го и македонското, а беше толерирана дури и кога Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур пресуди дека ги крши правата на македонското малцинство во случајот на „ОМО Илинден“.

Во однос на третата точка, односно за системското отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови на споменици и спомен-плочи, сметаме дека условувањето на членството во ЕУ со фалсификувана промена на ноторни и неспорни историски факти од нашата заедничка европска историја од периодот на Втората светска војна, како и на националниот историски наратив во врска со овој историски период, и неговата замена со некаква актуелна политичка и конструирана „заедничка историја до 1944 г.“, е досега невиден преседан во процесот на евроинтеграциите. Уцената со прифаќањето на присилната реинтерпретација на историското минато и културното наследство на нацијата од средниот век до денес, оди дотаму што се наложува „промена на информациските натписи и другите ознаки, вклучително и врз историските и културните споменици“, што опфаќа и приспособување на „официјалните изјави и коментари“ на политичките претставници, на сите македонски државни институции, како и на медиумите финансирани од државата. Сето тоа во согласност со политичкиот диктат на меѓудржавниот договор, а во име на европските интеграции, односно со вулгарна злоупотреба на овие процеси ‒ што е крајно неприфатливо за современа Европа во XXI век. Речиси нема нација што во својата историја не бележи мрачни мигови. Но тие во високоцивилизираната Европа не се бришат, не се фалсификуваат и не се кријат, туку се признаваат, за нив се бара прошка и служат за историска поука. Обратно од актуелната скандалозна агенда, ние очекуваме Република Бугарија да го следи светлиот пример на други земји членки на ЕУ, и да го изрази својот дел од историското извинување за овој тежок и трагичен период од нашата заедничка европска историја. Соседна Република Бугарија им должи извинување и на Македонците и на македонските Евреи за злоделата сторени за време на бугарската окупација на Македонија во текот на Втората светска војна.

Поради погоре наведеното, од вас бараме да ги пренесете нашите ставови во Брисел, со кои се согласуваат огромен број Македонци, дома и во светот, како и другите граѓани на нашата земја од другите етнички заедници. Воедно, ве молиме, сите европски дипломати во земјава, како и политичарите во европските институции и во земјите членки на ЕУ, да ги осудите ваквите испади на земја членка на ЕУ. Договорите и декретите, без заемно почитување, не се доволни за добрососедство и пријателство. Земјите членки на ЕУ треба да ги поддржуваат соседите на европскиот пат, а не да ги уценуваат на начин кој е без преседан во рамките на Европската Унија, и целосно спротивен на вредностите и правото на кои е таа втемелена.

Скопје, 15.10.2019 г.

акад. Катица Ќулавкова, МАНУ

акад. Витомир Митевски, МАНУ

акад. Георги Поп-Атанасов, МАНУ

акад. Зузана Тополињска, МАНУ

доп. член Марјан Марковиќ, МАНУ

проф. д-р Елка Јачева-Улчар, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

проф. д-р Александра Ѓуркова, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

проф. д-р Лилјана Макаријоска, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

проф. д-р Велика Стојковска-Серафимовска, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје

проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, Правен факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ, Скопје

проф. д-р Каролина Ристова-Астеруд, Правен факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ, Скопје

проф. д-р Катерина Здравкова, ФИНКИ, УКИМ, Скопје

Алдо Климан, писател

проф. д-р Маја Ангеловска-Панова, Институт за национална историја ‒ Скопје

проф. д-р Митко Панов, Институт за национална историја ‒ Скопје

проф. д-р Катерина Тодороска, Институт за национална историја ‒ Скопје

проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова, Институт за национална историја ‒ Скопје

проф. д-р Валентина Миронска, Институт за македонска литература ‒ Скопје

Фросина Пармаковска, писател

проф. д-р Илија Велев, Институт за македонска литература ‒ Скопје

проф. д-р Славица Велева, Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ ‒ Скопје

проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, УКИМ ‒ Скопје

проф. д-р Марија Чичева-Алексиќ, Институт за старословенска култура ‒ Прилеп

проф. д-р Виолета Николовска, Факултет за образовни науки, УГД ‒ Штип

д-р Емил Ниами, славист, Руски центар, УКИМ ‒ Скопје

Петар Андоновски, писател

м-р Ивана Настески, дипл. графичар и ликовен педагог

вон. проф. м-р Дарија Андовска, композитор, Факултет за музичка уметност, УКИМ ‒ Скопје

Никола Пијанманов, ликовен уметник

м-р Бобан Карапејовски, Филолошки факултет „Блаже Конески“,УКИМ ‒ Скопје

Љупчо Тодоровски-Упа, актер

м-р Милица Петрушевска, консултант по организациски развој и претприемничка

Живко Гроздановски, писател

м-р Дафина Поповска, магистер по јавно здравство

Извор: МИА

Next Post

Македонската економија е најслободна во регионот, на 17-то место во Европа и 33-то во светот, според фондацијата „Херитиџ“

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 25 мај 2026: Колективен баланс и компромисни решенија

May 24, 2026

Крај на една златна ера на „Енфилд“: Мохамед Салах и Енди Робертсон се збогуваа од навивачите на Ливерпул

May 24, 2026

Заврши Фестивалот „Пеце Атанасовски“: Гран при за „Седенка од Скопје, а најдобар гајдаџија е Дејан Лазаров од Кочанско

May 24, 2026

СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

May 24, 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

May 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 23 и 24 мај 2026: Оперативна прецизност и подготовка на системот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk