ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Педесет лица од Куманово потпишаа договори за самовработување

September 20, 2019 12:45
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договори за самовработување потпишаа денеска 50 лица од Куманово. Овие, претходно невработени, активни баратели на работа ќе користат грант за набавка на опрема и репроматеријали во вредност од 5.000 или 10.000 евра.

Корисниците на мерката ќе отворат фирми од повеќе дејности, прехранбена, услужна, текстилна, чевларска, но има и адвокати, сметководители, како и лекари кои планираат да отворат свои здравствени установи.

„Услов за да добијат грант е да имаат добра бизнис идеја и претприемачки способности“, изјави раководителката на кумановскиот Центар за вработување, Марија Димитријевски.

Таа информираше дека за мерката имало 116 барања, што потврдува дека е една од најатрактивните опфатени од Оперативниот план за вработување на Владата кој се спроведува преку Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

„Денеска со дел од нив се потпишаа договорите, а поради големиот интерес обезбедени се и дополнителни средства во буџетот на Агенцијата за вработување со ребалансот и се очекува со уште 27 лица да се потпишат договори во најкраток можен рок. Во буџетот на Агенцијата за вработување се обезбедени средства и преку Швајцарска агенција за обнова и развој за уште десет невработени лица,  обезбеден е грант за набавка на опрема и репроматеријали, така што овие лица ќе го решат проблемот на невработенот преку самовработување“, нагласи Димитријевски.

Со ова се очекува на ниво на Куманово да се регистрираат 86 нови работодавачи со кои, надлежните од Центарот за вработување сметаат дека ќе креираат нови работни места и ќе придонесат за намалување на невработеноста.

Меѓу условите и договорот што денеска го потпишаа овие кумановци, потребно е фирмите успешно да работат, да ги подмируваат обврските за плата, придонеси, даноци. Доколку не ги исполнат овие услови и ја затворат фирмата во текот на првата година, тогаш враќаат 80 проценти од земените средства за грантот, а во втората 60 отсто.

За да користат грант од 10.000 евра за набавка на опрема и репроматеријали, потребно е две лица, активни баратели на работа да се здружат, да имаат заеднички бизнис план и да основаат друштво со ограничена одговорност.

извор: МИА

Next Post

Конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи со повеќе од 30 говорници

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk