fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

За безбеден сообраќај, Општина Велес со нови 3Д пешачки премини

Пешачките премини се изработени во 3Д модел и со предупредувачки зборови со цел зголемување на видливоста на пешаците и побезбедно одвивање на сообраќајот на улиците во Велес

September 21, 2019 12:19
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во соработка со Здружението на граѓани „Активо” од Велес, Општина Велес изработи три нови дизајнерски решенија на три пешачки премини.

На улиците „Алексо Демниевски Бауман” (во близина на ЈП „Парк спорт”), „Борис Трајковски” (во близина на ООУ „Васил Главинов”) и на улицата „Петре Прличко” (во близина на ООУ „Панко Брашнаров”), десетина волонтери, млади ликовни уметници од Велес во изминатите четири ноќи работеа на новите дизајни на пешачките премини под надзор на вработените од секторот за урбанизам од Општина Велес и во соработка со СВР Велес.

Пешачките премини се изработени во 3Д модел и со предупредувачки зборови со цел зголемување на видливоста на пешаците и побезбедно одвивање на сообраќајот на улиците во Велес.

Оваа активност е дел од активностите кои во рамки на проектот R2M – „Ready to Move” („Подготвени за движење”) кои се организираат во текот на оваа седмица, а со тоа Општина Велес од 16 до 22 септември ја одбележува Европската недела на мобилност.

Проектот го подготви тим од општината, а финансиски е поддржан од Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).

Проектот ќе биде заокружен на 22 септември (недела) со реализација на завршниот настан кога ќе се одбележи Денот без автомобили.

Ко-спонзори на оваа активност од Европската недела на мобилност се и Европската Делегација во РСМ и ЕУ Инфо центрот во Скопје, како и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Општина Велес ги повика сите заинтересирани да се приклучат кон активностите, а детали за истите може да се најдат на интернет страната на општината и на социјалните медиуми.

НАЈНОВО

Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу нејзини граѓани „поминуваат низ повеќе земји на пат кон Обединетото Кралство“, каде што по пристигнувањето изнесуваат неверојатни причини за барање азил./Фото: ЕПА

Велика Британија почнува информативна кампања за запирање на бранот албански мигранти преку Ламанш

May 28, 2023
Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА потврдува дека  работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекара во Свети Николе./Фото: МИА

Странски работници од Индија пристигнаа во млечниот сектор и земјоделството

May 28, 2023
Биогасната електрана најголем чистач на органски отпад, во Сарамзалино отворен првиот ваков капацитет /Фото: МИА

Биогасната електрана најголем чистач на органски отпад, во Сарамзалино отворен првиот ваков капацитет

May 28, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    По „историската“ средба со Орбан, Мицкоски во официјална посета на својот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова белгиска инвестиција доаѓа во Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Борисов и Петков се договорија: Денков па Марија Габриел „ротирачки премиери“ во новата влада на Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тротинет манијата го „освои“ Скопје – Ќе ја има ли судбината на Париз?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk