ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Колку треба да си беден медиум?

September 22, 2019 11:38
in АХА!, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Обрнете внимание на овие неколку наслови избрани (не) случајно:

„Химната е избришана од учебниците за основно образование и е заменета со Џелем џелем, Штатори…“

Аха, химната не само што не е избришана од наставната програма, туку химната се изучува во прво и во петто оделение. Она што не го спомнуваат камуфлираните медиумски дезинформатори и што тешко дека ќе стигне до пошироката јавност, е тоа што учениците ќе имаат можност да се запознаат со културата и музиката на другите етнички заедници кои живеат во Македонија и токму тука и затоа се злоупотребени имињата на песните „Џелем џелем“ и „Штатори“.

„Македонците ги нема во графата за национална припадност за запишување на факултет“

Аха, колку треба да си беден медиум и документот што е наменет за младите од националните малцинства, кои сакаат да го продолжат своето академско образование, да го злоупотребиш и прикажеш како нешто што е наменето за граѓаните етнички Македонци? Класичен спин изваден од учебникот на про-нацистичките остатоци на бившиот режим.

„Приведени за истакнување на сонцето од Кутлеш, тензии пред полициската станица во Охрид“

Ова е насловот што го плескаат режимските портали без ни малку чувство за одговорност за тоа што сѐ можат да предизвикаат со таква дезинформација.

Аха, вистинската причина за приведувањето, како што впрочем и лично посведочил градоначалникот на Дебрца е – напад на фудбалски судија и спречување на службени лица во обид за приведување на напаѓачот.

*

Со овие бомбастични спинови и полуинформации психолошки, маваат каде што боли и каде што знаат дека ќе го постигнат ефектот на разочараност и вчудоневиденост, па бил тој привремен и краткотраен.

Вакви и слични наслови „остатоците“ од груевистичките медиуми, штанцаат на дневна основа. Тие „остатоци“ не се нималку за потценување. Тоа се сериозни редакции на интернет портали, или кластер од неколку различни портали поврзани меѓусебе, со десетици, ако не и стотици ангажирани поединци и екипи од различни профили, а најчесто се непотпишани и без импресум.

Ќе погодуваме што навистина им смета и што им е целта на овие национал шовинистички остатоци потпишани како новинари, експерти и јавни личности, или ќе ги голтаме овие спинови, онака „здраво за готово“? Ќе престанеме ли да се палиме на секој сензационалистички наслов, без предходно да се запрашаме и провериме? Конечно, имаме ли и ние некаква одговорност со самото споделување на тие наслови на социјалните мрежи, без да провериме веродостојност, или барем кој е медиумот кој ја пласира веста?

Се има ли претстава каква конфузија овие режирани рафали од дезинформации, спинови и полувистини предизвикуваат кај нас читателите? На што ли уште се спремни и што ли уште ќе проголтаме додека не се постават основите и не профункционира саморегулацијата на интернет медиумите, останува да видиме.

 


Сите права се задржани. Преземањето е дозволено само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk