ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Платите да не се покачуваат, парите да не се враќаат!

За три години се изнагледавме и изнаслушавме сѐ и сешто, но суштината е една, пораката е една. Мора да се осуети македонската демократска трансформација од пропутиновски (ердогански, орбановски, салвиниевски), клептократски и авторитарен чмар на Европа во модерна демократија со европски перспективи. Тоа е агендата, тоа е целта. Затоа, сите капацитети, а не се мали, се насочени против тоа.

September 23, 2019 09:35
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Куририте не можат веќе да се снајдат. Исто како и нивните газди во грдата палата, прават невидени гимнастики, ама почнаа веќе да им попуштаат тетивите. Толку ги бива. Всушност, тоа е истиот организам, само со различни функции. Една порака се генерира од едно место, а потоа се „фотокопира“ на сите страни, ама баш на секое ќоше, по многу пати. Навистина, планетата Земја има сериозен проблем со загадувањето, а таму некаде сме и ние, но загадувањето со црна пропаганда под плаштот на медиумите нема крај. Последиците ги трпиме секој ден. Оваа бескрајна контаминација со квази политика го уништува здравјето на општеството, на секој поединец и не дозволува да се дише, понекогаш и буквално.

Тука, за миг, ќе престанам со големи зборови и „катаклизмични“ изрази, како што се изрази Мицкоски за македонското лозарство, без да знае за што, всушност, зборува. Ќе направам една илустрација за само една од стотиците пропагандни содржини што се подметнуваат секој ден во медиумите. Изгледа како да е само уште една купи-ден-помини “баљезгарија”, ама не е.

Скролајќи низ најголемиот агрегатор на медиумски содржини, ми привлече внимание една „досетка“ што ја прочитав во едно „курирско“ порталче (парталче). Ја коментираат директорката на УЈП која изјави дека 2,6 милиони евра ќе им се вратат на граѓан(к)ите за само два месеци по воведување на мерката Мој ДДВ. Парталчињава направија математика, па многу „досетливо“ иронизираа дека за два месеци на секој граѓанин во земјава ќе му биде вратено едвај нешто над едно евро.

Класичен пример за уличарска итрина, како кога приглупиот маалски тепач се обидува да биде вицкаст, додека поминуваат убави девојки по улицата. И така, големите статистичари и математичари „заборавија“ да кажат дека, за прв пат, се враќаат пари. Да не се враќаат ли?! Навистина, тоа е пораката, да не се враќаат парите од ДДВ-то. Башка што лажат, не е одвај нешто повеќе од едно евро. Не знаеме дали сме два милиони, па така сигурно не е само едно евро. А просекот што го изведуваат се однесува на сите, ама баш на сите, па и новороденчињата. И, заборавија да кажат дека тие новороденчиња се дел од семејства, па така износот расте за најмалку 3-4 пати по домаќинство. И не кажаа дека ова е почетокот на едно ново размислување, нов однос кон парите на граѓан(к)ите – да им се враќаат, за првпат.

Ваквиот начин на валкано спинување ме потсети и на Трајко Славески кој го немаше таман толку долго што успеавме и да го заборавиме. Неодамна, тој тресна дека владата не треба да ја покачува минималната плата, дека тоа ќе предизвикало хаос. Покачување на плати не е пожелно за професор Трајко, ќе предизвикало хаос. Богати!

И зошто сега би требало да им се обрнува внимание на вакви глупости? Затоа што ваквите, навидум гафови, се дел од добро организирана пропагандна машина што се храни од нашите пари и ги напаѓа алгоритмите на агрегаторите на вести и пребарувачките машини на интернет. И од наивноста на луѓето.

За три години се изнагледавме и изнаслушавме сѐ и сешто, но суштината е една, пораката е една. Мора да се осуети македонската демократска трансформација од пропутиновски (ердогански, орбановски, салвиниевски), клептократски и авторитарен чмар на Европа во модерна демократија со европски перспективи. Тоа е агендата, тоа е целта. Затоа, сите капацитети, а не се мали, се насочени против тоа.

Затоа имаше опструкции на транзицијата на власта, затоа се изведе крвавиот 27-априлски напад на Собранието, затоа во име на партијата која веќе нема ни 51 пратеник, туку осум помалку, се наметнуваат преговори… Затоа, кога се носеше законот против корупција дадоа сѐ од себе да го осуетат. Затоа и сега вложија огромни пари да го спречат и Законот за јавно обвинителство. Тоа е, ништо помалку, ништо повеќе. И огромните црни пари што циркулираат наоколу низ медиумите и дома и во странство, се вложуваат во таа агенда. Човек треба само малку да ги подотвори очите и ќе го види тоа.

Падот на режимот е долг, предолг. Тој е вгнезден во институциите, во криминалното и политичкото подземје, во медиумите, во бизнисот… И во главите на луѓето.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Заев-Могерини: Стартот на преговорите ќе биде заеднички успех на Северна Македонија и ЕУ

Discussion about this post

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk