На 23 септември 1889 година, Фусаиро Јамаучи го основа „Нинтендо Копаи“ (копаи значи „карти“) во Кјото, Јапонија. Првично, Нинтендо е компанија за карти, за потоа да прерасне во најголемата компанија во светот за видео игри и играчки конзоли.
Кога компанијата Nintendo била основана за прв пат, започнала со изработка на карти за играње Ханафуда. Тоа било непосредно откако Јапонската Влада, ја легализирала таа игра со карти, која веќе долго била „удомаќинета“ кај коцкарите.
Денес, Ханафуда често се игра за забава, за време на новогодишните празници во Јапонија, а ја играат сите – млади и возрасни.
Сè уште не е јасно што точно значи името на компанијата Нинтендо (任天堂). Преводот „остави среќа на небото“, најверојатно, не е точен. Но, за историјата на Нинтендо, за тоа што точно може да значи Нинтендо, што значи денес Нинтендо во светот на видео игрите и конзолите за играње, можете да прочитате повеќе овде.
Среќен роденден „Нинтендо“!
Ј. Ѓ.