ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Скопјани ќе добијат 33 еко автобуси, најдоцна до април 2020 година

Најдоцна до април 2020 година, граѓаните на Скопје, ќе се возат во новите еколошки автобуси набавени од германскиот производител „МАН“. Градоначалник Шилегов, денеска го потпиша договорот за набавка на 21 единечен и 12 зглобни автобуси со ЕУРО 6 мотори, кои речиси воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје со планираното намалување за 700 отсто на испуштените ПМ честички.

September 25, 2019 15:33
in ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најдоцна до април 2020 година, граѓаните на Скопје, ќе се возат во новите еколошки автобуси набавени од германскиот производител „МАН“. Градоначалник Шилегов, денеска го потпиша договорот за набавка на 21 единечен и 12 зглобни автобуси со ЕУРО 6 мотори, кои речиси воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје со планираното намалување за 700 отсто на испуштените ПМ честички.

ЈСП Скопје, со секој еден нов автобус годишно ќе заштедува 25.000 евра само преку намалување на потрошувачката на гориво. Дополнително, идните автобуси ќе имаат гаранција од три години, во којшто период јавното претпријатие ќе нема никакви трошоци за одржување на возилата. За разлика од претходно набавените автобуси од Кина, германскиот производител „МАН“ има овластен застапник и сервис во земјава, со што значително ќе се олесни одржувањето на возилата.

Идните автобуси од германски „МАН“ ќе имаат капацитет да примат 85 патници кај единечните возила и 149 патници кај зглобните автобуси, односно речиси двојно повеќе во споредба со сегашниот капацитет за превоз на патници кај двокатните автобуси на Јутонг.

Како што напомена директорот на ЈСП Кристијан Чушков, цената на еден единечен автобус изнесува околу 263.000 евра, додека зглобните автобуси ќе чинат околу 334.000 евра. Тие се набавени со заемот во висина од 10 милиони евра, којшто беше подигнат од ЕБОР за оваа намена.

– Скопје добива автобуски превоз кој нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните кои го користат – изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Новите автобуси за ЈСП Скопје ќе ги испорача „Ауто Хрватска“, која достави најповолна понуда на неодамнешниот меѓународен тендер. Ваквиот тип на еколошки автобуси на гас, од германскиот производител „МАН“, веќе сообраќаат во: Норвешка, Унгарија, Шпанија, Полска и други земји во светот.

извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk