fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев задоволен во Њујорк: Нема план Б, 83 % од граѓаните сакаат во ЕУ и НАТО

Премиерот в четвток ќе одржи говор во рамки на ГС на ОН

September 25, 2019 22:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев е задоволен од изразената поддршката за остварување на евроинтегративните и евроатлантските процеси при одржаните средби со повеќе европски и светски лидери, за време на неговиот престој во Њујорк, по повод учеството на 74-тото Генерално собрание на Обединетите Нации (ОН).

„Овде ја користиме приликата да се видиме со сите лидери. Имавме средби со дел од европските и светските лидери, со цел да ја унапредиме позицијата на Република Северна Македонија, но и да ја забрзаме и загарантираме одлуката, која што ја чекаме на Европскиот Совет, изјави премиерот Заев во интервју за Јавниот сервис.

Тој позитивно ја оцени првата средба со неговиот грчки колега, премиерот Кирјакос Мицотакис со кого разговарале за идните правци на градење на пријателските односи и имплементацијата на обврските на двете земји, кои што се потребни за реализација на Договорот од Преспа, а се важни, како што истакна, заради јакнењето на пријателството.

„Посебно е важно дека нашата земја ја има мнозинската поддршка од граѓаните и од земјите-членки на Европската Унија и дека не постои земја-членка на ЕУ, која што има некој проблем кон Република Северна Македонија“, рече Заев.

На прашањето дали за него постои план Б, освен членството во НАТО и отпочнувањето преговори со Европската Унија за земјата, премиерот Заев категорично рече дека нема потреба од план Б.

„Нема и не треба да има план Б. На последните анкети видовме дека близу 83 проценти од граѓаните се за интеграцијата во Европската унија. Така што ние политичарите не треба ни да размислуваме за какви било други планови. Тоа е нашиот план“, истакна премиерот Заев.

Додаде дека живееме со европските вредности, кои, како што додаде, ќе ги унапредуваме и низ преговорите низ поглавјата ќе го трансформираме системот за да стане европски систем, а сите ние европски граѓани.

„Сите земји се за нас. Остануваат неколку земји, кои можеби и се познати на јавноста, кои што до крај не се изјаснија. Голем дел од нив, не ја проблематизираат Северна Македонија, сето тоа што е направено. Еден дел од земјите, имаат дискусија регионална за генералниот пристап кон интеграциите. Многу е важно што не постои земја-членка на ЕУ, која што има некој проблем кон Република Северна Македонија. Значи тие сите потврдуваат, дека тоа што се очекувало од нас, е исполнето. Сега внатрешната дебата, дискурсот што постои меѓу лидерите се случува. Затоа сме ние присутни, а уште еднаш им ги потенцираме сите работи што се случија и во делот на реформите и во делот на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, ефектите што ги имаме со имплементацијата на законите, како борба против корупцијата, владеење на правото, враќањето на правната држава и независноста на правосудството. Сето тоа се чекорите наши кон ЕУ, значи не се само закони донесени дека се имплементираат. Но, овојпат кај нас не се работи за среќа, се работи за завршени работи кои што се пример дури и за Европската унија, тоа што ние го направивме во нашата земја“, оцени премиерот Заев.

Во врска со главната порака, која ќе ја испрати в четврток во својот говор, на 74-то Генерално Собрание на ОН, премиерот Заев потенцираше дека таа ги содржи истите вредности и цели, со кои Владата е преокупирана дома.

Извор: МИА

НАЈНОВО

Маричиќ: Сигурен сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу УСБ-иња на Груевски

September 25, 2023

Десничарскиот екстремизам рапидно расте во Германија

September 25, 2023
Јасминка Џумхур, Ерик Мозе и Пабло де Грајф, членови на Независната меѓународна истражна комисија за Украина, присуствуваа на прес-конференција во Обединетите нации во Женева, Швајцарија, 23 септември 2022 година. Photo: REUTERS

Истрага на ОН: Русија измачувала украински жртви до смрт

September 25, 2023

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Радомир Почуча: Не сум мртов!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиуми од Косово: Идентификуван еден од напаѓачите во Косово. Кој е убиениот Почуча?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Србите на Косово се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, за осуда е убиството на косовскиот полицаец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Косовските специјалци влегоа во манастирот Бањска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заврши полициската операција во Косово, уапсени десетина вооружени напаѓачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk