ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Центар за јавно здравје Тетово: Можно е да се повтори промената на мирис и вкус кај водата за пиење

Ги советуваат граѓаните дека нема место за страв бидејќи изминатите години се утврдило оти нема нарушување на параметрите за безбедна вода.

September 27, 2019 10:13
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Центарот за јавно здравје во Тетово предупредуваат дека во октомври и во ноември можно е водата за пиење да има промена на мирисот и вкусот, како изминатите две години. Ги советуваат граѓаните дека нема место за страв бидејќи изминатите години се утврдило оти нема нарушување на параметрите за безбедна вода.

„Промената на мирисот и вкусот може да се повтори поради паѓање на вегетацијата, односно лисјата во водата што се користи од реките Пена и Лешница во новиот водоснабдителен систем. Апелирам да не се крева премногу страв и да не се обрнува премногу внимание затоа што ние внимаваме на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Лани и предминатата година имаше многу јавувања за промена на мирисот и на вкусот и за среќа нашите испитувања покажаа дека сите останатите параметри се во рамки на дозволените граници и дека водата одговара на параметрите дека е безбедна за пиење“, изјави специјалистот по здравствена екологија д-р Ратко Давидовски.

До оваа појава дојде во септември 2017 година кога почна да функционира новиот водоснабдителен систем со искористување на водата од реките на Шар Планина.

„Во овој период од годината поради намалување на штедроста на изворите на Шар Планина е вклучена и Пена и Лешничка река како и филтер станицата каде се кондиционираат овие параметри кои што треба да бидат во рамките на нормалните вредности“, рече Давидовски.

Доколку водата со променетиот мирис и вкус не е прифатлива за луѓето за пиење, Давидовски вели да не се користи.

„Се работи за субјективно чувство. Водата ја контролираме и мината и предминатата година беше безбедна за пиење. Кому му е смета мирисот и вкусот нека не ја пие, а останатите можат да ја пијат се додека ние не ја забраниме“, потенцира Давидовски.

Од Центарот напоменуваат дека секојдневно се следи квалитетот на водата и по потреба службите реагираат. Новиот водоснабдителен систем од 2017 година донесе дополнителни количини вода, како трајно решение за деценискиот проблем со недостиг на водата за пиење во градот.

извор: МИА

Next Post

Челзи ќе понуди 300 милиони евра за Нејмар

Discussion about this post

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk