Отворањето на преговорите за Албанија и за Северна Македонија ќе биде најпаметна одлука на ЕУ, порачал албанскиот премиер Еди Рама од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Давањето позитивен одговор на Албанија и Северна Македонија на 18 октомври за нивната амбиција да започнат преговори за членство, нема да биде обична награда заснована врз нивните заслуги, туку стратегиски ќе биде најпамената одлука што ЕУ би ја донесела“, оценил Рама.
Тој посочил дека регионалната стабилност, безбедноста, напредокот и демократијата во регионот може да се гарантираат единствено од европската перспектива.
Извор: МИА