ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Која приказна ќе ја раскаже Мицкоски?

Една од најинтересните приказни што може да ги раскаже Мицкоски секако е онаа за неговите тајни состаноци и кореспонденција со Груевски, па и со Гајсер. Што му однесе на Гајсер, колку кеш се врти во тој триаголник? Подеднакво интересна приказна ќе биде и онаа за релациите на Орце Камчев со ВМРО-ДПМНЕ.

September 29, 2019 13:06
in ФРОНТ
Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски ја почна предизборната кампања за парламентарните избори, една година порано. Има пари човекот, поточно партијата, зошто да не се забавува и себеси и нас? Не дека не е цело време во средиштето на жестока пропагандна акција во тактот на Москва и Будимпешта, но сега и официјално го објави почетокот на изборна кампања со сите нишани. Откако овој, многу лош почеток, со смешни пораки, ќе му пропадне, сигурно има неколку резервни опции за вознемирување на јавноста. Овде има неколку сугестии.

Па вели: „Ние од денес тргнуваме по домовите, улиците и булеварите за на граѓаните да им ја раскажеме нашата приказна и со нив во нашата предизборна програма да ги реализираме политиките на идната Влада.“ (Битола, 27 септември 2019)

Која приказна ќе ја раскаже Мицкоски, што ние не ја знаеме?

За да му биде поуспешна кампањата и сите да го слушаат со интерес, овде има еден краток избор од приказни што може да ги раскаже, почнувајќи од денеска, па до изборите до година.

Мицкоски може да раскаже за неговата неславна улога една година по Референдумот за поддршка на историскиот Преспански договор со кој, една година подоцна, НАТО стана реалност, а преговорите за членство во ЕУ се на дофат на раката. Да раскаже за заткулисните игри и за тактизирањето во јавноста, дека ќе размислува, па ќе се консултира во редовите на партијата, па на крај да каже дека остава членовите да одлучат како ќе гласаат… За сето време, тој и партиската структура работеа против Референдумот. Немаше храброст да признае дека ѝ работеше зад грб на македонската држава. Една приказна за тоа ќе биде добредојдена.

Може да раскаже и за ширењето на национализмот и омразата од партијата на чие чело е официјално. Мицкоски треба да раскаже и зошто не се откажа и огради, барем лажно декларативно, како за Референдумот, од криминалите и насилствата што ги извршија неговата партија и неговиот вистинскиот шеф, почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сигурно интересна е приказната за тоа како Мицкоски, со професорска плата, станал милионер во бизнисот со хидроцентралите во време кога многу членови на неговата партија мораа, за мали плати, понижени и згазени, да работат за вмровските газди и да одработуваат за партијата. Се разбира, ако веќе тргнал да раскажува приказни, може да раскаже и како неговиот шеф и Фамилијата ги ограбуваа македонските граѓанки и граѓани. Може и љубезно да открие каде се парите, кога веќе стана очигледно дека за тоа се неспособни институциите на државата за која тој вели дека ја сака (знаеме дека лаже). Тоа би било мошне патриотски, за разлика од непријателското дејствување за време на Референдумот.

Иако ја знаеме, Мицкоски можеби ќе ја раскаже, со свои зборови, приказната за тоа како ја попречува правдата, преку кампањи и со бескрајно одолговлекување на Законот за јавно обвинителство, а претходно и на сите други реформски процеси.

Интересно ќе биде да ја слушнеме приказната за соработката и координацијата со ДУИ и во време кога тие официјално не се во коалиција. На пример, како го спасија Трајко Велјаноски од губење на имунитетот, по што ќе заминеше во притвор.

Мицкоски сигурно знае дека јавноста ја интересираат и детали за неговата улога во организирањето на радикалните националистички протести по изборите во 2016 година, а потоа и терористичкиот заговор за напад на Македонското собрание на 27 април 2017 година.

Една од најинтересните приказни што може да ги раскаже Мицкоски секако е онаа за неговите тајни состаноци и кореспонденција со Груевски, па и со Гајсер. Што му однесе на Гајсер, колку кеш се врти во тој триаголник?

Подеднакво интересна приказна ќе биде и онаа за релациите на Орце Камчев со ВМРО-ДПМНЕ. Колку пари му земал на Камчев за кампањата за претседателските избори и за други „ситни“ потреби на партијата, поточно за Фамилијата? Тоа прашање веќе подолго време циркулира во јавноста, но тој не одговори ни дека не сака да одговори. Можеби го чува тоа за приказните во текот на својата предизборна кампања што ја започна од првиот ден кога стапна на претседателска функција во партијата, а сега веќе и официјално зборува за тоа. Толку му се брза на кутриот Мицкоски да стане премиер! Голема е желбата, а не сака да ги отвори очите пред фактот дека никој во партијата не сака очи да му види.

Има и многу други приказни што ги очекуваме од Мицкоски. Некои ни се јасни и познати, но може да ни раскаже со свои зборови. За некои, пак, имаме многу индикации, но малку детали. Ќе биде редно и нив да ни ги раскаже, пред да почне да го посетува Јавното обвинителство…

Мицкоски не мора да ја раскаже приказната за тоа дека тој и неговиот агитпроп бесрамно ги крадат и ги насочуваат кон спротивната страна сите слогани, изрази, констатации, квалификации и анализи кои се однесуваат на него и на неговата партија, не нејзиното минато, сегашност и иднина. Тоа на сите им е познато.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk