Конференцијата на „Економист“ се случува во многу важен момент за Северна Македонија и Западен Балкан по Преспанскиот договор очекувањето беше дека Европскиот совет ќе ја покани вашата земја да отвори многу брзо прегвори за членство.
Со тоа што во јуни ја одложи одлуката сега сите очи се вперени на средината на октомври кога се очекува да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Ова го изјави регионалната директорка за Европа на Економист, Џоан Хои на отворањето на конференцијата „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ во организација на економскиот магазин „Економист“ што се одржува денеска во Скопје. Таа посочи дека 16 години поминаа кога Европската унија даде јасна перспектива за земјите од Западен Балкан.
– Земјите од Западен Балкан веќе се нетрпеливи и повеќе не сакаат да бидат во чекалната на ЕУ, посочи регионалната директорка на Економист за Европа на отворањето на Самитот. На Самитот во тек е обраќањето на премиерот Зоран Заев по што ќе се обрати Вес Мичел, поранешен помошник американски секретар за Европа и Евроазија, Алексис Ципрас, поранешен грчки премиер и лидер на Сириза, како и Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2435051063482724/
Извор: МИА