ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Кози во Раштак растат со „Пинк флојд“, „Зи-зи топ“ и „Лед цепелин“

Откако овој несуден басист и археолог, љубител на природата, на слободата, на животните и уметноста, сфатил дека не се пронаоѓа во град, со своите родители заминал од Скопје и се преселил во куќата на баба му и дедо му во село Раштак

October 2, 2019 09:39
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кози и „Бластерс“, „Џон Вејн“, „Пинк флојд“, „Зи-зи топ“, „Лед цепелин“. Навидум „нестварна“ комбинација. Мислиш, стрип-фрагмент од „Автостоперскиот водич низ галаксијата“ на Даглас Адамс. Но, не само што постои туку и функционира. Веќе осум години. Во скопски Раштак.

До пред некое време со долга коса и „рокерка“, денес со сламено шеширче (од кое ѕиркаат кратки локни) и гранче во устата, Давид Неделковски секое утро си потсвирнува додека ги тера козичките по падините на Скопска Црна Гора.

Си муабети со Хана, Црнка, Бранка, На Бранка мајка ѝ, Зорка, Кефсер, Бела, Милка, Беломеше, Велика, Вики, Марјана, Бело чело, ги гали Големата близначка и Малата близначка, Златица, Олга, Дебелгаз, Бамби, Другарчето, Јована, им подвикнува на Мери, Росана, Шарам-барам, Ноџето, На Ноџето сестра ѝ, Хајди, Цицка 1, Цицка 2, Љуба, Петра, Кара… Притоа, внимателно го следат најмалиот јарец Козјак и двата прча Џип и Дизел.

Откако овој несуден басист и археолог, љубител на природата, на слободата, на животните и уметноста, сфатил дека не се пронаоѓа во град, со своите родители заминал од Скопје и се преселил во куќата на баба му и дедо му во село Раштак.

– Студирав археологија, се обидував да направам и бенд. Пробав и да работам. На неколку места. Бев келнер, шанкер, маркетинг-менаџер. Но… сфатив дека не сум човек за во канцеларија, дека не сакам да играм по ничии правила, дека сакам да имам мои песни, не да свирам туѓи. Во меѓувреме, дома „зовриваше“ идејата да се селиме во Раштак. Пред да одлучиме тоа да биде „за стално“, татко ми долго размислуваше на што да се ориентираме за да ја ставиме земјата во функција и да бидеме покрај баба ми и дедо ми. Во опција беа крави, овци, пчели. На крај се одлучивме за одгледување кози зашто имаат најдолг период на лактација и практично, секој ден има продукција, раскажува Давид.

Сè веројатно, вели, било сплет на околности.

Денот му почнува со кафе. Не брза многу да ги „спотне“ козичките. Прво на „раат“ го тера утринскиот ритуал, речиси еден час, па дури потоа се фаќа за работа. Ама, со многу љубов.

– Во овој период од годината можеме да си дозволиме да забушаваме и да спиеме подолго зашто козите веќе не даваат толку млеко, што не е случај напролет. Факт е дека сè уште си ги негуваме градските навики, да спиеме до подоцна, да испиеме прво кафе „натенане“… Најчесто стануваме околу шест, го „влечкаме“ кафето до седум, се качуваме горе на фармата и почнува денот. Им велиме „добро утро“ на козите, секоја си доаѓа на свое место, сами се редат, објаснува Давид.

Тој не прецизира колку млеко даваат козите иако просекот, вели, е околу 2,5 литри дневно. Пасењето е на отворено, што значи влијаат многу надворешни фактори.

– Ако одгледувањето е шталско, со што се избегнуваат и на некој начин контролираат некои од климатските услови, може да се зборува за одредена количина, за некој стандард. Но вака, не. Се случува козата да ја касне пчела или оса по вимето, па да не јаде два дена или ако грми обично има помалку млеко, нагласува Давид и додава дека планот е количините да се зголемат.

Градот сè помалку му недостига. Се соочувал со тешки периоди во неколку наврати за овие осум години, а за да ги надмине „кризите“, ставал во ранец три – четири литри вода и трчал нагоре во планина, колку што го држел здивот.

– Не згрешив. Дури сум и многу среќен што одлучив да бидам партизан, додава низ насмевка.

Извор: МИА

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk