ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Не смееше да се доцни со екипирањето на АНБ, смета Заев

Директорот имаше многу искрена и транспарентна прес-конференција на која јасно кажа дека државата нема капацитет за тоа, рече Заев

October 3, 2019 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев смета дека тоа што државата во моментот немала капацитети да го спроведе полиграфското тестирање и тестот за интегритет на кандидатите при вработување во Агенцијата за национална безбедност, не смеело да биде пречка таа да почне да се екипира и да остане преголем период на празнина во работењето на националната безбедност, особено, како што рече, во делот на контраразунавањето на државата.

-Директорот имаше многу искрена и транспарентна прес-конференција на која јасно кажа дека државата нема капацитет за тоа. Значи нема институција  да спроведе тест за интегритет, нема во моментот квалификувани луѓе за да го поминат временскиот период орпеделен за полиграфското тестирање. Постои еден полигораф во државата, а тоа мора со три екипи кои се точно обучени да се направи, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција по конференцијата „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам“.

Тој вели дека целиот процес бил транспарентен и оти тоа што не било направено, било кажано и зошто не е направено.

-Процесот секако продолжува понатаму. Екипирањето на Агенцијата е процес, во иднина кога ќе се обезбеди капацитет и тоа ќе го направат. Но, заради временски лимитираните работи, работејќи со партнерите од Америка, од Британија, Германија, Франција…одлуките беа донесени консезуално со сите претставници од политичките субјекти исто така, не само од стручните луѓе таа фаза да се помине за да може да се конституираат,  да може да стартуваат со својата работа заради тоа што не смее да остане преголем период на празнина  на работењето на националната безбедност посебно во делот на контраразунавањето на државата, истакна премиерот.

Вчера опозоцијата обвини за незаконска селекција при вработувањето во Агенцијата, а директорот Виктор Димовски рече дека во процесот на селекција на вработувањата во АНМ строго се почитувани критериумите утврдени во Деловникот за работа, што бил едногласно усвоен.

Во тие критериуми, рече, најнапред поаѓавме од квалитетот на кандидатите и согласно условите што се потребни за нивно селектирање за прием во АНБ.

Во работењето на Комисијата, според него, било констатирано дека постојат тешкотии две одредби од Законот целосно и навремено да се импелементираат. Првата се однесува за спроведување на тестот за интегритет, а втората за спроведување на полиграфското тестирање. Со оглед на практичната неможност овие одредби да се имплементираат, а тие се и дел од редовното работење на АНБ, Комисијата донела одлука да препорача раководството на АНБ имплементацијата на овие активности да ја има како приоритетна задача во наредниот период.

Извор: МИА

 

Next Post

Ангеловски: Против Словенија да го одиграме најдобриот меч

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk