пишува: РИБАРО
– Ова е Млатко Ѓорчев:
Татко на 35 + деца
Роден во Скопје
Земја на живеење: Англија
Град: строго држен во тајност.
Авторот на фотката: е соработникот на „АХА“ од Англија, кој за жал откако успеа да ни ја испрати фотката (за која се извини за лошиот квалитет), е исчезнат во Јоркшир под мистериозни околности.
Злобниците велат дека Ѓорчев и сопругата биле гонети од Американската Амбасада во Скопје поради финансиска малверзација што Млатче ја направил во семејството на сопругата, но АХА од извори на Фамилијата, дознава дека вистината всушност е дека решиле позитивно да одговорат на богатата финансиска понуда од Борис Џонсон и да се преселат во Англија, каде се под директна закрила на Борис Џонсон. Мотивите зошто Борис решил да го заштитува токму Млатче, се скриени во тајните лабаратории на центрите за расни донори на сперма и јасно е дека се поврзани со севкупната популациона политика на Кралството.
– Ова е Илијан Димовски (политичар):
Роден во Титов Велес
Живее во Грција
Град и место: непознато
Автор на фотката: Луми
Илијан, по десет години перипетии, конечно беше осуден на 10 години лупење компири во клечечка положба во кујната во Идризово. По само две години отслужена казна, изврши успешно бегство од затворот. Шпекулациите се дека токму неговиот партнер во затворската ќелија Боки Тредичи, го смислил и организирал неговото бегство.
Денес Илијан живее на непозната локација во Грција, под закрила на фамилиите Мицотакис и Рики Мартин и се надева дека еден ден ќе успее да му се заблагодари на Тредичи за направената услуга, иако сите знаат дека уште во ќелијата доволен број пати му се имал „заблагодарено“.
Откако Илијан дозна дека ја поседуваме оваа фотка во наши раце, во кус телефонски разговор ни препорача – Гоните се у триста лепе…
По подолги консултации внатре во екипата на АХА, за тоа, каде може да се наоѓа местото „У триста лепе“ што ни го препорача Илијан, дојдовме на мислење дека тоа мора да е некаде во Грција.
– Можеби е Халкидики?!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK