fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Промовиран првиот Национален извештај за родов индекс

Податоците од идексот покажуваат земјава добро стои во некои родови прашања, како делот на моќ или овластувања, но оти треба да се работи повеќе на намалување на насилството врз жените, зголемување на приходите и економските услови за жените

October 4, 2019 12:14
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Скопје беше промовиран Првиот Национален извештај за родов индекс, кој треба да помогне во креирање на праведни политики за еднакви можности на жените и мажите.

Податоците од идексот покажуваат земјава добро стои во некои родови прашања, како делот на моќ или овластувања, но оти треба да се работи повеќе на намалување на насилството врз жените, зголемување на приходите и економските услови за жените.

Државната секретарка во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска, рече дека податоците од овој индекс ќе претставуваат основа за креирање праведни политики, кои ќе овозможат и жените и мажите да имаат еднакви можности, да имаат пристап до сите ресурси и сите услуги во општеството, во сите области на општственото живеење.

-Тие треба да овозможат политиките кои во иднина ќе се креираат да бидат политики кои се засноваат на специфичните потреби и приоритети и интереси на жените, рече Тренчевска по промоцијата.

Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ во Скопје, истакна дека земјава котира  во некои родови прашања, но оти на други треба да работи со поголемо внимание.

-Северна Македонија добро корира на пример во делот на моќ или овластувања, имаме доста претставници жени во Собранието, но мора со особено внимание да се работи на подобрување на ситуацијата за намалување нанасилството врз жените, зголемување на приходите и економските услови за жените, вели Лангбак.

Директорката на Европскиот институт за родова еднаквост Вирџинија Лангбак вели иднексот на родова еднаквост не ги оценува само законските решенија што ја регулираат оваа сфера, туку, како што рече,  значи да е биде жена или маж како поединец, граѓанин, а прави посредби меѓу она што го прават владите во различни земји.

-Ако го споредиме индексот со работата што ја правиме во земјите членки на ЕУ морам да кажам дека Македонија и не е толку лоша, вели Лангбак.

Таа додава дека доколку Владата и државата навистина се грижат за економскиот напредок што го креираат и жените и мажите, тогаш тие мора да инвестираат во намалување на јазот и разликите помеѓу жените и мажите.

извор: МИА

 

НАЈНОВО

Северна Кореја: Корејскиот Полуостров е на работ на нуклеарна војна, виновни се САД

September 26, 2023

Одбиена жалбата на Навални, се соочува со 30 години зад решетки

September 26, 2023
Пред почетокот на конференцијата „Украина, година на хероизмот“, амбасадорката Лариса Дир и Џабир Дерала, 24 февруари 2023

Амбасадорката Дир: Зеленски го потпиша указот со кој на Џабир Дерала му се доделува Орден за заслуги

September 26, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Николоски го загубил УСБ-то, паразитот од Градски стадион главен осомничен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Груевски: Ако им одговорам на Мицкоски и Николоски ќе се чудат што ги снашло

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маричиќ: Сигурен сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу УСБ-иња на Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Груевски како полуден генерал, ги расцепи Мицкоски и Николоски како детелинка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk