ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хонгконг: Се пука во демонстрантите, алармантна е ескалацијата на употреба на полициска сила

Амнести Интернешнл анализираше видео записи од пукањето и го идентификуваше плоштадот Хау Теи во областа Цуен Ван во Хонгконг за местото на настанот. Во кратка видео изјава, полициските сили на Хонгконг го бранеле пукањето со образложение дека полицискиот службеник сметал дека неговиот живот бил загрозен.

October 6, 2019 02:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Како одговор на пукањето во демонстрантот од страна на полицијата во Хонгконг за време на протестите при одбележувањето на националниот ден на Кина, при што демонстрантот се наоѓа во критична состојба во болница, директорот на Амнести Интернешнл Хонгконг Ман-Кеи Там изјави:

Специјална полициска единица пред поаѓање во акција против демонстрантите во Хонгконг

„Пукањето во демонстрант означува алармантен развој во реакцијата на полицијата на Хонгконг. Властите на Хонгконг мора да започнат брза и ефикасна истрага за настаните кои предизвикаа тинејџер да се бори за сопствениот живот во болница. Полицијата може да користи смртоносна сила како одговор само при непосредна закана од смрт или сериозна повреда и само како последна опција“.

„Ги повикуваме властите на Хонгконг итно да го преиспитаат нивниот пристап во контролирањето на протестите со цел да се деескалира ситуацијата и да се спречи повеќе животи да бидат изложени на ризик“.

Амнести Интернешнл анализираше видео записи од пукањето и го идентификуваше плоштадот Хау Теи во областа Цуен Ван во Хонгконг за местото на настанот. Во кратка видео изјава, полициските сили на Хонгконг го бранеле пукањето со образложение дека полицискиот службеник сметал дека неговиот живот бил загрозен.

Полицијата во Хонгконг не се воздржува од употреба на сите насилни средства против демонстрантите

„Бидејќи полициски службени сметал дека неговиот живот е под сериозна закана, тој истрела кон напаѓачот за да си го спаси сопствениот живот и животот на неговите колеги“.

Амнести Интернешнл повеќепати повикуваше на независна и ефикасна истрага за полициската употреба на сила во текот на изминатите неколку месеци на протестите против законот за екстрадиција, вклучувајќи ја наводната тортура и други несоодветни постапувања во притвор. Неуспехот да се обрати внимание на претходната прекумерна употреба на сила придонесе кон сегашната состојба на ескалација на насилството.

Според насоките на ОН, огнено оружје може да се користи само за заштита при непосредна закана по животот или сериозна повреда.

извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

June 2, 2025

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

June 2, 2025

Јахоски патувал надвор од државата со пасош издаден од МВР по решение на Апелација

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk