ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Арсовска: Не ни треба „мал шенген” со Србија и Албанија, туку реформи за влез во ЕУ

Српскиот претседател пред неколку дена, најави дека премиерите на Северна Македонија и на Албанија, на 9 и 10 октомври во Србија ќе присуствуваат на состанок посветен на отстранување на царинските бариери

October 8, 2019 10:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога сме условно пред вратите на НАТО и со можности за отпочнување преговори со Европската Унија, чудна е идејата да влеземе во економска дива градба „мал шенген” со Србија која има различни определби од македонските во надворешната политика, особено во пристапување кон Северноатланската алијанса, додека македонските ЕУ и НАТО определби, се повеќе од јасни. Од друга страна Албанија во сите извештаи на ЕУ е чекор зад нас во напредокот и оваа насока на превземање чекори за заедничко економско делување не би придонело значително за наш побрз развој, порачува претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

-Како да не ни беше доволно тоа што сме сегрегирани во гетото Западен Балкан, сега во уште помал формат ќе се изолираме во „мал шенген“, со некаква илузија дека така економски ќе процветаме. По ретрограден став од овој одамна не е понуден, мал шенген за Србија, Македонија и Албанија е идеја која треба да згасне уште пред да се роди. Зошто би правеле вакви микро економски сојузи кога целта треба да ни е да ги спроведеме структурните економски реформи потребни да станеме дел од единствениот економски пазар на Европската Унија, а не вечно да чекаме пред вратите на ЕУ како диво месо отцепено од интеграциите со утеха на тоа дека сме дел од некаков „мал шенген”. Не, благодариме, вели Арсовска.

Според неа, под изговор дека економското здружување е важно и дека ова е чист економски интерес за нашите земји да ги отстранат царинските и трговските бариери, се заговара нова изолација во микро регион каде Белград ќе ги води Скопје и Тирана во економски поход.

-За Србија имаме одлична геостратешка позиција и важно е Србија да има пристап до Грција и албанските пристаништа. Но што ќе има Македонија од овој концепт, освен пристап до затворен систем од три држави кои наместо да се интегрираат во ЕУ, ќе бидат убедувани дека одлично е и ова решение. Кога на исток и југ граничиме со земји на ЕУ логично би било приоритет да ни е зголемување на таа соработка и интеграција кон единствениот економски пазар на ЕУ, потенцира Арсовска.

Иницијативата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за создавање на таканаречен „мал шенген“ со Албанија и Србија, како земји во регионот кои се многу мали за да влијаат врз економските показатели во Европа е тема која е актуелна изминатава недела. Српскиот претседател пред неколку дена, најави дека премиерите на Северна Македонија и на Албанија, на 9 и 10 октомври во Србија ќе присуствуваат на состанок посветен на отстранување на царинските бариери или како што е истакнато, со нив ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на трите држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги, односно создавање на еден вид „мал шенген“.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk