ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манчевски: Со функционална анализа ќе се овозможи креирање конкретни мерки за подобрување на ефикасноста на институциите

October 8, 2019 17:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„На денешната владина седница, Министерството за информатичко општество ги задолжи органите на државната управа и им укажа на институциите кои не се органи на државна управа да спроведат функционални анализи внатре во своите институции. Функционалната анализа ќе се изработува врз основа на Методологијата за спроведување на функционална анализа во рок од еден месец“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манечевски, на денешната прес-конференција.„Функционалната анализа е алатка која овозможува да се идентификуваат главните проблеми поврзани со постојната организациска структура. Преку оваа мерка ќе се овозможи креирање конкретни мерки за подобрување на ефикасноста и на квалитетот во работењето.

Спроведувањето на функционална анализа во институциите е дел од еден покомплексен процес на реорганизација на јавната администрација. Резултатите од вертикалните функционални анализи ќе бидат основа и при дефинирање на деталите околку трансферот на вработените од јавнниот во приватниот сектор“, објасни Манчевски.

Со функционална анализа треба да се индентификуваат предизивците што потенцијално би можеле да го отежнат или попречат исполнувањето на надлежностите на институциите. Ккао што истакна Манчевски таа треба да даде јасна слика за подготвеноста на институциите, на краток и среден рок за извршување на нивните основни фукнкции.

„Наодите и препораките ќе претставуваат основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати. Обучивме претставници на 15 институции за примена на методологијата, кои ќе можат да бидат поддршка на останатите институции при спроведувањето на функционалната анализа. На овој процес, претходеше и функционална анализа спроведена на инспекциските служби, што беше и основа на изработка на нов Закон за инспекциски надзор. Анализата покажа, дека е потребно е да има вкупно 12 инспекциски служби (11 државни инспекторати и една агенција), наместо досегашните 28 инспекциски служби. Околу оваа анализа и понатаму ќе дебатира и јавноста ќе биде запознаета во детали. Реформата на јавната администрација е хоризонтален процес, којшто единствено може да се спроведе и да ги даде очекуваните резултати, само доколку се темели на сеопфатни и темелни анализи. Избразни решенија, кои можеби на краток рок ќе изгледа дека ја подобруваат состојбата, на долг рок ќе создадат дополнителни проблеми“, објасни Манчевски.

Next Post

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk