ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Масовни протести во Аеродром, по вработувањето на 200 пилоти од Арачиново?

Челични Орели, претседателот на синдикатот на пилотите од Арачиново, вели дека воопшто не се вознемирени

October 8, 2019 14:52
in АХА!
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Откако беше објавена „ексклузивна“ видео снимка каде жител од Арачиново кажува дека се доцни со ветувањето од страна на СДСМ за вработување на 200 пилоти од Арачиново, денес по итна наредба на Министерството за одбрана во координација со Министерството за транспорт и врски, власта, го исполни своето главно пред-изборно ветување и вработи точно 200 пилоти, сите од Арачиново.

Одма после ова, жителите од Аеродром, организирани од воздухопловното друштво „Чичко пушти книжиња“ се заканија со најава за масовен протест.

Во сооштението што го пушти ова здружение до редакцијата на АХА, покрај другото се бара да се поништи одлуката за вработување на арачиновци и се бара приоритет на аеродромци при вработивање за пилоти. Како што истакнува лидерот на ова здружение Бранимир Самолет, барањата не се за правична застапеност на аеродромци за работното место пилот, туку за приоритет при вработувањето што во овој случај мора да го имаат жителите на Аеродром. Тој се повикува на ова, како што нагласува, од природното и наследно право што жителите на Аердром го имаат за професијата пилот.

– „Никој друг во Македонија нема во името на општината асоцијации од типот „аеродром“, „пилот“, или слична друга асоцијација“, нагласува Бранимир Самолет, и допрецизира дека ова право покрај со раѓање и наследство, се стекнува и со прифаќање на жителство на Град Скопје, но стриктно со адреса во Општина Аеродром.

Репортерот на АХА од Арачиново, вели дека вработените пилоти од Арачиново од оваа изјава од Бранимир Самолет, воопшто не се вознемируваат, затоа што како што истакнал Челични Орели претседателот на синдикатот на пилотите од Арачиново, тоа им било ветено уште пред изборите и нема што тука да се разговара.

Со остра реакција пак се јавија од здружението „Партизанска Ескадрила“ од с. Петровец, во чиј атар се наоѓа Скопскиот Аеродромот. Тие велат дека ќе се приклучат кон протестот, но дека нивните деца се пораснати и живеат со авионите и аеродромот и дека за нивна дообука се потребни најмалку средства, па затоа државните органи мора да го имаат овој неоспорен факт при избор на пилоти.

Репортерот од Арачиново, јавува за раздвиженост во Арачиново, при што се забележани распоредување на против-авионски ракетни рампи околу атарот на Арачиново.

Во меѓувреме сите летови од Пекинг кон Скопје се букирани. Милијарда и петстотини милиони кинези, веќе поднеле барање за жителство со адреса во Опшина Аеродром, па од канцеларијата во Општина Аеродром се вознемирени и бараат начин како да ги решат овие барања.

Министерката Радмила Шеќеринска, за утре во паркот „Авионче“, закажа заедничка средба помеѓу членовите на здружението „Чичко пушти книжиња“ од Аеродром и од „Партизанска Ескадрила“ од Петровец, со медијаторство лично од Премиерот, сè со цел за да ги расчистат недоразбирањата и да не дојде до најавениот масовен протест.

Кинезите веќе од утрово го запоседнаа паркот „Авионче“.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Денот на ослободувањето на Крива Паланка

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk