Уште во првата недела од појавувањето на пазарот на видеоиграта „Call of Duty: Моbilе“, достигна 100 милиони преземања на уредите со оперативен систем Андроид или ИОС.
Со ова, мобилната верзија на „Call of Duty“ ги надмина „Фортнајт“ и „ПУБГ“. Освен тоа, според аналитичката компанија Сензор тауер, иако оваа видеоигра е бесплатна за симнување, остварила приход од 10 милиони американски долари, по разни други основи.
– Податоците за преземањето на мобилната видеоигра „Call of Duty“ се импресивни, посебно ако имаме предвид дека играта сѐ уште не е е пуштена во продажба во Кина. Ова е најголемото лансирање на мобилна игра во историјата, во однос на бројот корисници во првата недела, изјави Ренди Нелсон од Сензор тауер.
Мобилната верзија е производ на кинеската компанија Тенсент холдингс, за издавачката куќа Активижн близард.
извор: МИА