ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меркел лобира кај Макрон за нашите европерспективи, средба во 19 часот

Во моментов, најголем дел членки на Унијата го подржуваат почетокот на преговорите и сметаат дека, доколку тоа не се случи, ќе следи дестабилизација на регионот. Средбата ќе се одржува зад строго затворени врати, така што не се очекува исходот да биде познат набрзо.

October 13, 2019 17:17
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва гостува кај Германската канцеларка Ангела Меркел во работна вечера каде меѓу другото ќе се разговара и за европските перспективи на Северна Македонија и Албанија. Средбата е закажана во 19 часот, известија од кабинетот на Макрон, а доаѓа во пресрет на Европскиот совет на 17 и 18 октомври во Брисел, на која освен за координација ќе се разговара и за заедничката седница на владите на двете земји што треба да се одржи во Тулуз.

Главни теми на вечерата ќе бидат Брегзит и заедничката седница на германската и француската Влада, како и барањето на Франција за пролонгирање на датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија за првата половина од 2020 година, поради промена на методологија во пристапните процеси. Ставот на Франција за почеток на преговори на Северна Македонија со Европска Унија создаде вознемиреност, откако француски дипломати пред два дена најавија дека Франција е против сѐ додека не се усвои нова методологија за пристапни преговори за членство во ЕУ и одредувањето на датумот за Македонија да се одложи за март идната година. На вечерашната средба се известува дека канцеларката Меркел ќе ја искористи приликата да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Во моментов, најголем дел членки на Унијата го подржуваат почетокот на преговорите и сметаат дека, доколку тоа не се случи, ќе следи дестабилизација на регионот. Средбата ќе се одржува зад строго затворени врати, така што не се очекува исходот да биде познат набрзо.

За утре е свикан нов состанок на амбасадорите на ЕУ, како обид за постигнување консензус пред министерскиот Совет кој треба да заседава во вторник, во Луксембург, а каде клучниот збор ќе го има францускиот претседател Емануел Макрон.

А. Зеќири

Next Post

Курти на средба со Рашиќ, загрижен за слободата на Србите во Косово

Shortcut

Најново

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk