Британија и Италија во ист ден.
Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го потпиша Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, со што досега 24 земји-членки, го завршија процесот на ратификација, откако денеска претходно тоа го стори и италијанскиот Сенат.
Раб на неговиот налог на Твитер објави дека го ставил потписот на Протоколот и истакна дека со нетрпение очекува Северна Македонија и официјално да стане дел од НАТО.
– Со големо задоволство денеска го потпишав Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО заедно со амбасадорката А. Миовска. Со нетрпение очекувам Северна Македонија да пристапи кон семејството на НАТО и да присустува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон и да помогне во промоција на меѓународниот мир и безбедност, напиша тој на својот твит.
Претходно, денеска Протоколот беше ратификуван и во италијанскиот Сенат.
извор: МИА