ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Заев: ЕУ да се врати на изворните принципи, подготвени сме за старт на преговори

Ние веруваме во идејата на ЕУ, и ќе останеме посветени на тој пат

October 16, 2019 13:19
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувам Европската унија да се врати на изворните принципи и да покаже поголема грижа и внимание за процесите за проширување за да биде потврдена силата на привлечност за членство во ЕУ, и за да се елиминира интересот на трети страни во регионот. Ние веруваме во идејата на ЕУ, и ќе останеме посветени на тој пат.

Такви пораки упати денеска премиерот Зоран Заев на дебатата „Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на Институтот „Карл Ренер“ и Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Виена.

– За Република Северна Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Ние го искористивме нашето време во „чекалната“ и денес сме подготвени и политички и институционално за старт на преговорите за членство во ЕУ. Ја разбираме Франција, но сметаме дека проширувањето може да оди паралелно со дебатата за новата методологија за членство во ЕУ, рекол Заев, соопшти владината прес-служба.

Тој повторил дека се уште е  оптимист и оти очекува лидерите на земјите на ЕУ на Самитот во Брисел да донесат одлука да почнат преговорите за членство за нашата земја.

Премиерот претставил најзначајните поенти од реформските процеси и нагласил дека како целосно посветена на овие процеси, Владата ја обнови демократијата и испорача конкретни резултати во четири области, како што се бараше во Заклучокот на Советот на ЕУ во јуни 2018 година, во владеење на правото, антикорупција, безбедносни реформи и реформи во јавната администрација, и паралелно беа остварени значајни позитивни промени и во социјалната сфера, информира владината прес-служба.

– Ја покачивме минималната плата два пати за две години. Ја зголемивме поддршката за социјална помош за 300 проценти во корист на 30 илјади семејства. Зголемена е поддршката на децата за 70 илјади деца. Платите во јавниот сектор, за лекарите, социјалните работници и наставниците, се повисоки. Воведовме социјална пензија, така што старите граѓани не остануваат без никакви приходи. Ние сме посветени да градиме општество што е социјално праведно и каде сите имаат еднакви шанси, нагласил Заев  на дебатата на која учествуваше и Андреас Шидер, член на Европскиот парламент и претседавач со Делегацијата на заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија.

Премиерот потенцирал дека на меѓународен и на билатерален план Владата успеа да ги реши билатералните спорови со Бугарија и Грција со што државата е без отворени прашања со соседите, како единствена на Западен Балкан од таа перспектива.

– Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Таа се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Заедно со премиерот Ципрас создадовме модел за решавање на комплексни прашања, посочил Заев и додал дека тоа е препознаено и афирмирано од меѓународната заедница, вклучувајќи го и претседателот на Франција, Емануел Макрон кој даде поддршка на овие политики во пресрет на референдумот за промена на името како чекор кон членството во ЕУ и НАТО.

Како што најави владината прес-служба, премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел. Со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, попладне ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Најавени се средби и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. За утре, пак, е планирана средба со потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

САД изврши три напади на ирански нуклеарни постројки, Фордо го нема, објави Трамп

June 22, 2025

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

June 22, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk