ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден го губи сјајот, Ворен и Сандерс фаворити

Во Вестервил, Охајо, претседателските кандидати од Демократската партија настапија на четвртата демократска дебата, на која стана очигледно дека се кристализара водство на двајца фаворити – сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс

October 16, 2019 13:23
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Вестервил, Охајо, претседателските кандидати од Демократската партија настапија на четвртата демократска дебата, на која стана очигледно дека се кристализара водство на двајца фаворити – сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс, додека поранешниот потпретседател Џо Бајден, лидер во досегашната трка, го губи сјајот.

Дебатата, организирана од независните медиуми „Си-Ен-Ен“ и “Њујорк тајмс“, отвори нова динамика во трката за номинација на претседателски кандидат. Ворен на пример беше ставена на тапет од другите кандидати како Бајден, градоначалникот Пит Бутиџич и сенаторките Ејми Клобучер и Камала Харис, за нејзините „општи“ идеи за решение на горливиот проблем со општо здравственото осигурување во САД.

Таа беше одлучна во одговорот за нејзиниот план „здравство за сите“, но сепак не кажа конкретно дали има намера да воведе повисоки даноци кај средната класа Американци за да го оствари. Најверојатно, со тоа што прими најмноу удари, Ворен избива на прво место во дебатите како алтернатива на Бајден, кој досега беше најсериозниот кандидат. Тоа ја покажа нејзината спремност да му се спротивстави на Трамп на изборите идната година во ноември, и да биде спаринг партнер на сериозните кандидати како Бајден или Бутиџич.

Од синоќешната дебата се увиде намалената виталност на Бајден во досегашното трка – никој не го предизвика со директни прашања и тоа е знак за неговиот намален статус. Доби само мал предизвик од водителите на дебатата кои го прашаа за ангажманите на неговиот син Хантер Бајден во Украина. На ова не испорача конкретен и јасен одговор, а останатите кандидати не ја презедоа темата. Станува јасно дека отстапува од Ворен во борбата за првото место во трката и тоа го покажаа и последните анкети, како онаа во Ајова.

Сендерс пак, укажа дека неговата ситуација со здравјето, проблемот со срцето, од пред две недели кога имаше повеќедневен прекин на неговата кампања, се надминати и тој се враќа во трката. Повика на „здравствено осигурување за сите“.

-Јас сум здрав и се чувствувам одлично“, изјави тој пред крајот на дебатата, откако претходно стапи во дуел со Бајден околу нивнити идеолошки разлики.

На синоќашната дебата свои моменти имаше и Бутиџич, градоначалик на Саут Бентон, сојузна држава Индијана, укажувајќи дека тој е единствениот кој се стреми кон позициите на првите тројца фаворити, стапувајќи со нив во сериозни дуели.

Харис и Кори Букер, сенатор од Њу Џерси, се најверојатни аутсајдери во дебатата откако нивниот глас не беше толку слушнат. Тие овојпат се истакнаа на темата надворешна политика, со напад врз Трамп околу конфронтацијата со Русија. Дебатата, секако, ја допре и темата за импичментот и вмешаноста на Москва во изборите на САД со „моралните слабости“ на американскиот претседател кон неговиот руски колега Владимир Путин.

Букер го обвини Трамп за тоа што од „моралното лидерство на земјата направи катастрофа“.

-Ние повеќе не можеме да си дозволиме Русите и понатаму да го зголемуваат своето влијание поради тоа што ја напуштаме светската арена. Не смееме да и дозволиме на Русија да се меша во Украина, Летонија и Литванија, повика тој.

Додаде дека е неприфатливо „да се откажеме од критики до нивна до адреса за обидите да се вмешаат во нашата демократија“.

извор: МИА

Next Post

По Италија, денеска и Велика Британија го потпиша Протоколот за пристапување во НАТО

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk