ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Станишев: Макрон води политика на инает, местото на Северна Македонија и Албанија е во ЕУ

Во специјалното писмо, кое Станишев го испрати до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Станишев настојува во име на ПЕС прашањето да биде ставено на дневен ред на Самитот

October 17, 2019 21:25
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Местото на Северна Македонија и Албанија е во Европската Унија. За жал уште еднаш важни одлуки за иднината на ЕУ стануваат жртва на неодговорно однесување, базирано на краткорочни внатрешнополитички размислувања, изјави лидерот на Партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев на подготвителната средба на левите премиери и еврокомесари пред Европскиот совет денеска во Брисел.

Тој нагласи дека во моментов францускиот претседател Емануел Макрон води политика на инает.

-Тоа не е демонстрација на сила, напротив тоа е спротивното – немоќ, рече Станишев и додаде дека реформите и обновувањето на ЕУ не можат да се спроведат на овој начин – со непочитување на критериумите, правилата, солидарноста и процесот на градење доверба.

-Ние како Бугари имаме болно искуство со овој метод  – повеќе од десет години чекаме пред Шенген портата. Новото одложување на овие преговори ќе биде погубно за политичките процеси во тие земји, ќе силен демотивирачки факктор за останатите во регионот и сериозно ќе ја поткопа довербата во ЕУ како двигател на позитивни промени во земјите-кандидатки. Единствениот ефект од тој чекор ќе биде разгорување на антиевропски популизам и национализам. Во старите земји-членки тој веќе ги поткопува основите на ЕУ, на Балканот може да биде експлозивен. Не смееме тоа да го дозволиме, рече лидерот на ПЕС.

На покана на Станишев денеска премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас учествуваа на состанокот.

Во специјалното писмо, кое Станишев го испрати до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Станишев настојува во име на ПЕС прашањето да биде ставено на дневен ред на Самитот.

-Задоволен сум поради тоа што напорите, кои беа вложени од нашето политичко семејство вродија со плод и темата сепак ќе биде на масата на лидерите вечерва. Ние го поддржуваме почетокот на преговорите со двете земји – тие завршија огромна работа изминатите години, предводени од прогресивните влади на Заев и Рама. Сега на потег е ЕУ да ги испочитува преземените обврски кон нив и тоа е преовладувачко мислење во Европскиот совет, рече денеска Станишев.

Извор: МИА

Next Post

Во Тајланд осуден маж на 374 години затвор за детска порнографија

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk