Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Твитер објави, а пренесува МИА, дека телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев со цел да ја реафирмира посветеноста на Алијансата за членството на Северна Македонија.
– Добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за реафирмирање на посветеноста на НАТО за членството на Северна Македонија. Процесот на ратификација е во тек и со нетрпение очекуваме Северна Македонија наскоро да и се приклучи на нашата Алијанса, објави Столтенберг.
Good phone call with PM @Zoran_Zaev to reaffirm #NATO’s commitment to North Macedonia’s accession. The ratification process is well on track & I look forward to North Macedonia joining our Alliance soon.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) October 21, 2019