Вчера вечер ВМРО-ДПМНЕ во партиското седиште одржа состанок со коалиционите партии. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски по средбата рече дека го смениле името на коалицијата.
,,Ги информирав партнерите за вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски и за предвремените избори. Предложив Коалицијата за подобра Македонија да се преименува во Коалиција за обнова на Македонија и тоа беше едногласно прифатено. На Македонија и е потребна обнова, рече Мицкоски.
На состанокот раководството ги информира за постигнатиот договор со власта на лидерската средба, за предвремени избори на 12-ти април.