ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Ле Поен: Кукавичлукот на Франција на Балканот

Во миг кога Соединетите Американски Држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го пушта Балкан низ вода

October 23, 2019 10:30
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во уреднички коментар за угледниот француски весник „Ле Поен“, новинарот Лук де Бароше ја нарекува „кукавичлук“ француската блокада на Македонија и Албанија минатата недела во Брисел, пренесува МИА.

– Во миг кога Соединетите Американски Држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го пушта Балкан низ вода. Непосредните последици се помалку драматични, но откажувањето е слично. Под влијание на Париз, Европа предаде дел од себе на штетното влијание на Кина, Русија и Турција. Жално е да се види, како во Сирија, откажување на Западот, пораз на демократијата и на европските вредност, пишува Бароше. 

Посочува дека францускиот претседател ставил вето на 18 октомври во Брисел и покрај позитивното гласање на Европскиот Парламент и согласноста на речиси сите земји членки на предлогот на Комисијата да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Пораката што се испраќа на тој начин до балканските земји е спорна: без разлика дали се реформирате, дали ги прифаќате нашите вредности, Франција не ве сака во Унијата. Точно е дека Албанија е спорен случај. Северна Македонија, пак, е примерен ученик. Таа не престана да се реформира. Влезе во ефикасна борба против корупцијата. Избра проевропска влада. И отиде дотаму да го промени своето име! Преку договор со Атина, која смета дека има право исто колку Скопје на античкото македонско наследство, поранешната југословенска република Македонија отсега се нарекува Северна Македонија. На некој начин тоа е како Германија да ја натера Франција да го смени своето име затоа што Франките биле германско племе. Можеме да замислиме колку ова барање било тешко да се прифати за македонскиот народ. Со тоа што не ја награди оваа реформска храброст, Европа го погази сопствениот збор, се наведува во коментарот.

Според Бароше, предавството на ова ветување ги потхранува националистичките сили и корумпираните мрежи и го ослабува проевропскиот табор, а Европската унија ризикува да го изгуви својот кредибилитет и влијание.

– За да го оправда своето вето, претседателот Макрон се повика на потребата за ЕУ прво да го подобри сопственото функционирање и процесот на пристапување пред да се прошири. Неговите намери се за поздравување, иако во нив можеме да видиме лицемерие од страна на земја која, од отфрлањето на референдумот во 2005, е една од првите што блокира секаков напредок во Европа. ЕУ може и треба да се реформира. Но, тоа не ја спречува истовремено да преговара со Македонија. Спротивставувањето на проширувањето и продлабочувањето е проверен начин да не се стори ни едното, ни другото, потхранувајќи ја и понатаму спиралата на европскиот пораз. Реалноста е дека Франција нема доверба во проширувањето откако ЕУ започна пристапни преговори со Турција во 2005. ЕУ треба да има храброст да ги прекине овие преговори со земја која навлезе во автократија. Но, местото на Балканот е во Европа. А лидерството, за еден претседател на Републиката, се состои исто така во способноста да му го објасни тоа на својот народ, го завршува својот коментар Лук де Бароше.

Next Post

Мексико: Уапсени над 30 осомничени членови на нарко картели

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk