ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бизнисмените до новинарите: Направете го регистарот на професионални онлајн медиуми, ние ќе ве следиме

Преку овие средби ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора сакаат да дојдат до најквалитетните решенија кои ќе доведат до поголема професионализација на новинарството и ќе придонесат за промоција на саморегулацијата во медиумите.

October 25, 2019 20:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија во соработка со Стопанската комора денеска во Битола одржаа средба на тема „Соработка помеѓу новинарите и локалната бизнис заедница преку создавање на професионални онлајн медиуми”, пренесува МИА.

На средбата учествувале новинари, медиумски сопственици, како и претставници на бизнис заедницата, а се разговарало за создавање регистар на професионални онлајн медиуми. Регистарот се очекува да биде подготвен во текот на идниот месец, а треба да служи за да и помогне на јавноста, но и на бизнис заедницата, полесно да распознаваат кои медиуми се професионални, се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум.

Преку овие средби ЗНМ, СЕММ и Стопанската комора сакаат да дојдат до најквалитетните решенија кои ќе доведат до поголема професионализација на новинарството и ќе придонесат за промоција на саморегулацијата во медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакнал дека овој Регистар ќе придонесе да се подобри кредибилитетот на професионалните медиуми, да се препознаат оние кои ги почитуваат стандардите и оние кои се главни прекршители.

Претставничката на СЕММ, Катарина Синадиновска, соопшти ЗНМ, посочила дека процесот ќе придонесе за непрофесионалните портали да станат и нерелевантни.

– Можеби дел од нив ќе продолжат да постојат, но јавноста ќе знае дека тоа што го пишуваат мора да се зема со резерва, рекла Синадиновска.

Претставничката на Стопанската комора за Пелагонискиот регион, Ирена Јакимовска, поддржана од присутните бизнисмени, порачала дека регистарот е вистински чекор во интерес и на бизнис заедницата и дека тие како стопанственици ќе го следат како водич во корпоративните политики кон медиумите.

Оваа активност е поддржана и од Стопанската  комора на Македонија и е предвидена во Меморандумот за соработка, претходно потпишан помеѓу ЗНМ и Комората. Оттаму, на средбата присуствуваа новинари од повеќе редакции од Битола и Прилеп, како и претставници од фирмите Бимилк, Мермерен комбинат, Витаминка, Комфи ангел, Тутунски комбинат.

Next Post

Заев: Рано е за предизборно коалицирање, дебатата по ноември

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk