Претседателот Стево Пендаровски на почетокот на идната недела во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, најавува дипломатски извор за „360 Степени“.
Во кабинетот на шефот на државата велат дека нема официјална потврда за средба Макрон-Пендаровски. Изворот на „360 Степени“, пак, тврди дека средба ќе има, но дека се работи на утврдување на последните детали.
Состанокот ќе се случи на маргините на познатиот Париски мировен форум, закажан за вторник и среда. Пендаровски ќе има можност од прва рака да го слушне ставот на Макрон за европската перспектива на Северна Македонија и лично да му ги пренесе аргументите и очекувањата на земјава.
Целата вест можете да ја прочитате тука.