ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Франција ќе ја предложи новата методологија за преговарачкиот процес на 19 ноември

Проширувањето и блокадата на преговорите за членство со Македонија и Албанија биле тема на дискусија на завчерашниот неформален амбасадорски состанок во Брисел. Дипломатите ова го толкуваат како обид да се одржи во живот темата за проширувањето на ЕУ и политички сигнал дека ЕУ не се откажува од оваа политика.

November 7, 2019 11:51
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Подеталните барања на Франција во врска со методологијата на преговарачкиот процес ќе бидат изнесени на состанокот на министрите за надворешни работи и Европа на земјите од ЕУ, кој ќе се одржи на 19 ноември во Брисел, а проширувањето на Унијата и формално ќе биде на дневен ред на средбата. Прашањето ќе се дискутира, но не се очекуваат конкретни заклучоци, пренесе МИА.

Министрите на земјите-членки на ЕУ, кои се поддржувачи на проширувањето инсистирале да биде вратено проширувањето на агендата што поскоро. Тие на состанокот ќе разговараат за состојбата во која се наоѓа прашањето во овој момент, а дипломатски извори за МИА додаваат дека очекуваат Франција да поднесе подетални барања за предлозите за реформа на методологијата на процесот на проширување.

Проширувањето и блокадата на преговорите за членство со Македонија и Албанија биле тема на дискусија на завчерашниот неформален амбасадорски состанок во Брисел. Дипломатите ова го толкуваат како обид да се одржи во живот темата за проширувањето на ЕУ и политички сигнал дека ЕУ не се откажува од оваа политика.

Според досегашните неофицијални најави кои доаѓаат од Париз, францускиот предлог значи дека земјите кандидати би можеле побрзо да ги користат придобивките на ЕУ во некои области каде што напредуваат, без да го чекаат полноправното членство, но од друга страна процесот би бил реверзибилен, односно земја кандидат би можела да изгуби некои бенефиции ако ја промени политиката или почне да назадува.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во однос на новата методологија на преговарање, вчера истакна дека високата политика треба да се остави во Брисел, а Делегацијата на ЕУ останува тука, без оглед дали земјава добила или не датум за почеток на преговори со Унијата.

„Многу е рано да се зборува за новата методологија. Како што кажав и претходно, тоа треба да се остави на високата политика на земјите членки и на дискусиите во Брисел. Она на што ние треба да се фокусираме е што можеме да направиме како ЕУ делегација, за да им покажеме на луѓето дека сме тука да ја продолжиме поддршката“, рече Жбогар.

ЕУ е најголемиот донатор во земјава, со над 90 милиони евра на годишно ниво за поддршка на национални реформи во различни сектори. Освен Инструментот за претпристапна помош (ИПА), ЕУ има и други можности за поддршка на земјава на нејзиниот пат кон полноправно членство.

Претседателот Стево Пендаровски идната недела ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон и ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање. Средбата со Макрон ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

А претседателот вчера на средбите во Рим осврнувајќи се на одлуката на Советот на ЕУ да не ги започне преговорите за пристапување на Северна Македонија во Унијата истакна дека, иако неповолна, ваквата одлука не смее да биде демотивирачка за нас, бидејќи како што подвлече, европеизацијата на нашата држава е неповратен процес за којшто постои јасен државен консензус, и за нас, друг одржлив алтернативен модел нема.

Нагласи дека сите политички чинители во Северна Македонија имаат обврска да ги спроведуваат обврските коишто произлегуваат од европската агенда во интерес, пред сè, на граѓаните.

Македонија беше блокирана на последниот Европскиот Совет од страна на Франција, додека на отпочнувањето на пристапните преговори со Албанија се спротивставија и Холандија и Данска. Франција бара да се реформира процесот на преговори и неговата методологија, но за сега Париз не поднел конкретни предлози за оваа реформа.

Next Post

Џејмс Дин „ќе глуми” во филм

Shortcut

Најново

Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk