ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Норвешки модел“- врапче во раката за Скопје и соседството?

Ветото со кое Емануел Макрон го блокираше почетокот на преговорите со Скопје и со Тирана - а всушност го закочи целиот процес на проширување на ЕУ - Канус го нарекува „прекратување на маките“ (Coup de grâce).

November 9, 2019 13:46
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Проширувањето на ЕУ одамна е мртво и Макрон само го погреба, велат едни. Тоа е погубна политика, велат други. Меѓу двете мислења се испреплетува идејата за „норвешки модел“ за Западен Балкан. Што е тоа, може ли да успее, пренесе Дојче веле.

Гералд Кнаус би морал да знае што се случува. Тој е директор на Европската иницијатива за стабилност, тинк-тенк кој е многу влијателен во Брисел. Кнаус беше главниот творец на бегалскиот договор меѓу ЕУ и Турција со кој значително е ублажен бегалскиот бран преку Балкан. Ветото со кое Емануел Макрон го блокираше почетокот на преговорите со Скопје и со Тирана – а всушност го закочи целиот процес на проширување на ЕУ – Канус го нарекува „прекратување на маките“ (Coup de grâce). „ЕУ би требало да им понуди на сите држави од Западен Балкан можност да се приклучат на единствениот пазар, како Норвешка или Исланд“, додава влијателниот аналитичар во текстот објавен минатата недела.

Макрон ја запре играта

Кнаус не е единствениот. Има сѐ повеќе гласови кои велат дека чукнал нултиот час за европската политика на Балканот, момент да се погреба одамна мртвиот концепт за проширување на ЕУ и да се пронајде нешто ново. Нешто помалку од проширување, но доволно примамливо да ги задржи државичките на Балканот во дворот на ЕУ. Во мај ќе се сретнат лидерите во регионот на самитот со ЕУ во Загреб. Дали на маса ќе биде норвешкиот модел? „Ветото на Макрон го торпедираше целиот процес за проширување. Мислам дека тоа и му беше намерата“, вели Андреас Ернст, искусен новинар на „Ное цирихер цајтунг“, кој со години беше дописник за весникот од Белград. „Но, предност е тоа што така стана очигледна лажната природа на односот меѓу ЕУ и Западен Балкан.“

Меѓу редови се чита дека Макрон го зема Западен Балкан како заложник додека не ја протурка својата визија за Европа. Тој ја сака ЕУ со повеќе брзини или концентрични кругови. Јадрото би гравитирало околу оската Париз-Берлин, надвор би биле земјите интегрирани во пазарот, а сосема надвор придружните земји, меѓу нив можеби Србија и соседите. Макрон доби тивка поддршка од Холандија и од Данска. Критиките од Берлин на сметка на Макрон стигнуваат со намигнување – требаше да ги пуштиме Скопје и Тирана да преговараат, ионака нема да влезат во ЕУ најмалку 10 години. Оваа германска игра, вели Ернст, е уште поперфидна. Правилата, вели швајцарскиот новинар, со години се вакви: ЕУ божем сака да ги прими балканските земји во членство, а раководството во овие земји демек спроведува реформи. „Тоа можеше да трае уште 10 години или вечно. Целиот тој театар, и политички новоговор за ‘европска перспектива’ и ‘европски вредности’ сега доби тежок удар и тоа е добро“, додава тој за ДВ.

„Сега мора да стигне нова понуда и таа мора да биде добра.“Сепак, треба да се забележи дека Макрон не го образложи ветото со недостаток на реформи туку со внатрешни проблеми во ЕУ. Според веќе строгите критериуми на Европската комисија, С. Македонија и Албанија заслужија да се отворат преговори, како што Косово одамна заслужи визна либерализација.

Next Post

Капело: Клоп направи магија, за Гвардиола фудбалот е уметност

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk