ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски: За многу скоро ќе бидеме 30-та членка на НАТО

Најтешкиот дел овие две години беше да се направат многу компромиси, но цврсто да гледаме во иднината. За многу скоро време Северна Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе ги затвориме сите дилеми за иднината на државата.

November 10, 2019 00:23
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најтешкиот дел овие две години беше да се направат многу компромиси, но цврсто да гледаме во иднината. За многу скоро време Северна Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе ги затвориме сите дилеми за иднината на државата. Едно од очекувањата беше и почеток на преговори со ЕУ. Направивме се што требаше да направиме, и во реформите и сите услови ги исполнивме, што беше потврдено од сите членки на Европскиот совет.

Имаме право да бидеме разочарани што не добивме датум за преговори, но и да бидеме горди дека тоа не е поради нас, тоа е заради состојбите во ЕУ. Се надевам дека наскоро таа историска грешка ќе биде исправена. Тоа го истакна потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски на отворената трибина одржана вечерва во Охрид во рамки на партискиот караван „На прав пат“, пренесува МИА.

Тој нагласи дека еден од клучните приоритетити на Владата овие две и пол години бил како да се стабилизира државата, како да се врати нејзиниот углед во меѓународната заедница, како да се направи исчекор напред во остварувањето на националните интереси преку евроатлантските интеграции.

– Направивме се за да се помириме со соседите, преку тие процеси покажавме дека имаме капацитет да разговараме, да се договориме и да носиме решенија, нагласи Спасовски.

На трибината беше истакнато дека 12 април е денот кога граѓаните ќе можат да донесат одлука, дали ќе продолжат да чекорат по патот што го трасираше СДСМ кој е прав пат или секако ќе се враќаат назад по патот што води кон обнова на еден режим, црно минато на цензура, на неслобода на медиуми и се она на што сведочевме пред само две и пол години.

– Едниот пат води силно напред, храбро, достоинствено да ја гради Македонија напред во европска држава, и другиот кој води назад, патот на обновата на криминалот, корупцијата на сите ретроградни процеси во земјата. И заради тој пат што го минавме 12 години, токму заради тој пат беше срушен системот и овие две и пол години мораше да има напорна, макотрпна работа, многу труд да го вратиме системот да функцинира, рече Спасовски, нагласувајќи дека токму затоа се организираат ваквите трибини, како што рече, за да нагласи разликата меѓу актуелната власт предводена од СДСМ и онаа власт до 2017 година.

Тој се осврна и на повеќето од клучните реформи спроведени од владеењето, од укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа, решавање на проблемот со стечајните работници со последните законски измени, проекти во областа на социјалната политика и намалување на сиромаштијата, проекти во областа на земјоделството, враќање на слободата на медиумите, мислата, говорот.

-За две и пол години целосно го реализиравме столбот од програмата кој враќа пари кај граѓаните, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, ја покачивме минималната плата, посочи Спасовски на трибина во Охрид.
Тој се осврна на трајното решавање на проблемот со стечајните работници за само 2 години од преземањето на одговороноста од страна на СДСМ.
– Ветивме дека ќе го решиме проблемот со стечајците и денес речиси 12.000 стечајци добивата месечен надомест. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на нивната несреќа, ние за само две и пол години го решивме овој проблем и денес веќе нема стечаен работник кој не е обештетен, рече Спасовски.

Свои обраќања пред граѓаните на Охрид и партиските симпатизери во Центарот за култура „Григор Прличев“ имаа и потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска и градоначалникот Константин Георгиески.

Next Post

Пендаровски на одбележување на 81 годишнината од „Кристалната ноќ“

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk