ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ќе му пресуди ли ДУИ на СДСМ?

Македонија секако на овие избори ќе излезе како членка на НАТО и со симболички напредната агенда кон ЕУ, па кој како сака тоа изборно да си го толкува. За состојбата на социјалата и економијата дебатата е отворена и главно се води помеѓу рационалноста на статистичките показатели и емоциите и идеологијата на оние кои полемизираат. За случувањата со правната држава, пак, сите се кабаетлии и таму трката е прилично мртва и прилично депресивна...

November 18, 2019 09:51
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Потрошивме уште еден викенд во кој човек сфаќа дека ни поминаа годините, да не кажам животот, во предизборни кампањи. Кога ни тргна демократијава од 1990 година, следниве ќе ни бидат единаесетти парламентарни избори по ред, а само од 2006 година до денес спроведовме пет. Направивме и уште шест претседателски и шест локални изборни вежби, плус уште три големи референдуми (1991, 2004, 2018). Вкупно: 26 разно-разни кампањи (добро, што е право, некои изборни активности, како парламентарните и претседателските во 1994 и 2014, меѓусебно се преклопуваа), за не цели 30 години.

Секои од тие избори беа критични, решавачки, историски – сега (тогаш) или никогаш! Односно, така нè убедуваа оние кои беа во трка по власта.

Но, често пати потоа се испоставуваше дека нема голема разлика од тоа кој е на власт, освен за самите оние (неколку илјади?) кои беа на власт. И тоа така, повеќе или помалку, до кај 2012/13, кога на голем дел од граѓаните, од недела во недела, им стануваше сè појасно дека власта на г. Груевски „забега“ во многу непријатна насока, по разни основи. Со оглед на „индустриското ниво“ на сите изборни и други злоупотреби до минатите парламентарни избори не е јасно дали последниот изборен резултат реално ја одразуваше вистинската волја на граѓаните (да се потсетиме, победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 17.596 гласови разлика, помалку од 1,5%, пред коалицијата на СДСМ), но пост-изборната коалициска граѓанска волја беше одразена во новата власт меѓу СДСМ и ДУИ. Односно, уште попрецизно, ДУИ реши да се спасува себеси преку спасување на државата во нова владејачка коалиција со СДСМ.

Сега на ДУИ, но и на СДСМ, изборно ќе им се „суди“ за тоа што е она што го спасувале. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ не успева уверливо, а уште помалку искрено да се дистанцира од „груевизмот“; но „груевистичкиот“ континуитет на ДУИ во власта го нагризува кредибилитетот на СДСМ дека тие можеа да бидат опција за неетничко гласање.

Може за тоа многу да се зборува, но како илустрација е доволно да се потсетиме на катастрофалната одлука на Заев идејата за „Едно општество за сите“, на инсистирање на Али Ахмети, да му ја довери за спроведување на „водоводџијата“ Садула Дураки, што значеше симболично убиство на самата замисла и политички суицид на наративот за поинаква Македонија од визиите на конзервативната, националистичка десница. На пример, додека го читате ова, прашајте се себе и оние околу вас: Дали, воопшто, се знае кој е овој Дураки и, ако случајно се слушнало за него, кога последен пат е виден човекот во каков било функционерски капацитет во македонскиот политички систем?

Зборот ми е, Македонија секако на овие избори ќе излезе како членка на НАТО и со симболички напредната агенда кон ЕУ, па кој како сака тоа изборно да си го толкува. За состојбата на социјалата и економијата дебатата е отворена и главно се води помеѓу рационалноста на статистичките показатели и емоциите и идеологијата на оние кои полемизираат. За случувањата со правната држава, пак, сите се кабаетлии и таму трката е прилично мртва и прилично депресивна…

Но, дали е доволно тоа што меѓуетничките односи се само пацифизирани и дали за последниве две години можевме да се надеваме на поголем напредок во таа сфера? … Со оглед на актерите, веројатно не.

А дали и овие избори ќе донесат нешто ново на таа тема? … Со оглед на актерите, веројатно не.

Можеби и самото тоа е успех, меѓуетничките односи да не се тема во македонско предизборие. Сепак, СДСМ мора да е свесен дека, кога во оваа област нема видлив напредок, назадувањето е невидливо и ќе се појави кога најмалку го очекуваат. Да речеме, се случи ли ова ДУИ повторно да биде во ситуација да бира партнер за владеење, мислам дека ќе се определат за ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани! Мерак е тоа што лесно не се заборава. Ееех, златни времиња кога сите Македонци си гласаа за македонски партии, а сите Албанци – за албански…

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумно и целосно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Next Post

„Џокер“ заработи над една милијарда долари

Shortcut

Најново

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026
Скриншот

Администрацијата на Трамп се закани со воведување дополнителни царини кон 60 земји вклучувајќи ја и ЕУ

June 3, 2026

Почнува јубилејното 25-то издание на ОФФест

June 3, 2026
Фото: Влада

Кошта: Уставните измени единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk