ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас утре во Скопје

Предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји, во светло на имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор

November 25, 2019 16:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во рамки на која ќе има средба со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, на средбата е предвидено да се разговара за билатералните односи, за политичката и економска соработка, како и за европската перспектива на нашата земја и регионот.

Исто така, се додава, предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји, во светло на имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор.

Дендиас во ексклузивна изјава за МИА во пресрет на неговата утрешна прва посета на Скопје изрази силна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија. Тој открива дека Грција работи на преземање конкретни иницијативи, со цел ЕУ да даде зелено светло за нашата земја, а при тоа изразува и силната поддршка за европската перспектива и на целиот Западен Балкан, политика која, како што вели, преку Солунската агенда, Атина ја вовела во приоритетите на Европската унија.

– Нашата поддршка за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Унијата е дадена. Работиме на тоа и преземаме конкретни иницијативи, во консултација со сите наши партнери во ЕУ, со цел што е можно поскоро, во таа насока, да се донесе позитивна одлука во Унијата. Секако, она што се подразбира е дека од страна на Република Северна Македонија, не треба да се намали интензитетот на напорите за усогласување со европските стандарди. Исто како што се подразбира и дека од страна на Грција, ќе има силен поддржувач во овој нејзин обид, порачува Дендиас.

За утрешната посета на Скопје тој вели дека доаѓа во „земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО“ и во земја која очекува „да биде и партнер на Грција во Европската унија во не толку далечната иднина“.

– Се надевам на конструктивни средби за време на мојата посета, што ќе донесат резултати во корист на двете соседни држави, резултати видливи и за нашите граѓани. Со мојот колега, министерот за надворешни работи, со господинот Димитров веќе се сретнавме неколку пати во изминатиот период и имаме искрен однос, однос на заемно почитување, на природност и искреност и на меѓусебно разбирање. Нашите билатерални односи се исклучиво важни и за двете наши земји. Работиме за нивно суштинско зајакнување и продлабочување во поширокиот спектар на области, вели Дендиас за МИА.

Во однос на Договорот од Преспа, шефот на грчката дипломатија порачува дека тој е обврзувачки и за двете земји и додава дека неговото целосно спроведување значи и дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на двата народи.

– Неговото почитување е предуслов за непречен европски тек на Северна Македонија и затоа треба целосно и доследно да се спроведе. Целосното спроведување значи напуштање на провокациите од минатото, значи консолидација на добрососедските односи и заемно почитување. Значи дополнителен поттик за поголем развој и просперитет на нашите народи, истакнува Дендиас, кој утре заедно со заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, ќе престојуваат во еднодневна посета на Скопје.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Next Post

Со камери и електронски знаци ќе се намалува бројот на сообраќајки на Коридорот 10

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk