ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Транспарентната Влада и хибридните напади: причина за потсмев или пофалба

Според некои дефиниции, хибридното војување, пред сè, е воена стратегија што опфаќа политичко војување и комбинира конвенционално војување, нередовно војување и мрежно војување со други влијанија, како што се лажни вести, дипломатија, законодавство и странски интервенции за време на избори. Со комбинирање на кинетички операции со субверзивни напори, агресорот има намера да избегне припишување или одмазда.

November 30, 2019 16:23
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хибриден напад врз премиерот Зоран Заев, во кој бил злоупотребен идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг е разоткриен пред неколку дена и освен што претставуваше транспарентност на Владата, покрена низа реакции, најмногу на социјалните мрежи.

Секако, повеќето од нив беа на линија на говор на омраза и користење несоодветни навреди кон службите на Владата кои излегоа со транспарентна информација во јавноста, но и кон самиот Заев.

Сепак, од она што може да се најде како информација, не постои универзално прифатена дефиниција за хибридно војување што води до дебата, дали терминот воопшто е корисен. Некои тврдат дека терминот е премногу апстрактен и само последниот термин што се однесува на неправилни методи за да се спротивстави на конвенционално супериорна сила. Апстрактноста на терминот значи дека тој често се користи како опфаќање на сите термини за сите нелинеарни закани.

Според некои дефиниции, хибридното војување, пред сè, е воена стратегија што опфаќа политичко војување и комбинира конвенционално војување, нередовно војување и мрежно војување со други влијанија, како што се лажни вести, дипломатија, законодавство и странски интервенции за време на избори. Со комбинирање на кинетички операции со субверзивни напори, агресорот има намера да избегне припишување или одмазда.

Хибридното војување може да се користи за да се опише флексибилната и сложена динамика на борбениот простор што бара високо прилагодлив и еластичен одговор. Постојат различни термини што се користат за да се осврнеме на хибридниот воен концепт: хибридна војна, хибридни закани, хибридни влијанија или хибриден противник (како и нелинеарна војна, нетрадиционална војна или специјална војна). Американските воени тела имаат тенденција да зборуваат во смисла на хибридна закана, додека академската литература зборува за хибридно војување.

Советникот за односи со јавност на премиерот, Марјан Забрчанец, на дискусијата за дезинформации на конференцијата е-Општество, соопшти дека манипулаторите употребиле брендирани е-маил адреси и телефонски броеви, и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво, успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев, претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.

Одредени делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но сепак била донесена одлука разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежот.

„Веднаш по завршениот разговор, ги направивме сите проверки за верификација на идентитетот на соговорниците и денес со сигурност можеме да кажеме дека разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот. После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба“, додаде Забрчанец.

Според него, овој случај на хибриден напад е многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но внимателната комуникација овозможила да биде разоткриен и разобличен.

Секако и случајот со руските пранкери беше причина за жолчна дебата, исто така на социјалните мрежи. Како тоа `наседнал` премиерот Заев, дали воопшто има советници, безбедносни служби кои можат да му укажат на ваквите појави…

Лично, тој на прес-конференција излезе и ја објасни ситуацијата, а потоа следеше и менување на телефонскиот број на премиерот, како и воспоставување потполно нов протокол за комуникација со премиерот, кој, ако се земе последниот пример со јавувањето на `Грета Тунберг` се покажа дека функционира, па службите успеале да го осуетат.

За тоа дали оваа транспарентност на Владата има позитивен или негативен ефект во јавноста, сепак треба да подразмислат најблиските околу премиерот, предвреме да согледаат дали отвореноста ќе биде од корист или само уште една провокација за `контрашите` кои и овојпат `на нож` ја дочекаа `наивноста` на власта.

Во светот на дипломатијата и владеењето постојат правила за тоа што излегува, а што не во јавноста. Така, во многу крими-романи може да се прочита дека речиси за секој американски претседател во историјата постоеле по десетина обиди за атентати кои се спречени од тајните служби, но за тоа јавноста не знае. Прво, за да не се вознемирува јавноста, а второ за да не се помисли дека тајната служба има пропусти во безбедносните протоколи, па напаѓачите се подготвени секогаш да ги искористат.

Б. Богдановска

 

Next Post

Денес е Меѓународен ден на некупување

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk