ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Царовска: Детскиот развој ни е приоритет, за две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во градинки

Градоначалникот Смилевски истакна дека Општина Бутел во изминатите две години, со поддршка и на МТСП, сериозно работело на решавање на сите проблеми во градинките.

December 4, 2019 13:36
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 180 милиони денари вложило Министерството за труд и социјална политика во реконструкција, доградба и изградба на детски градинки изминатите две години. За наредната година во Буџетот на Министерството се планирани нови 105 милиони денари за истата намена, пренесе МИА.

– Ние како Министерство се грижиме да ги поттикнеме локалните самоуправи да инвестираат во детската заштита, но и ние како Владата инвестираме во нејзин развој, а особено во инфраструктурата во градинките. Вложивме повеќе од 180 милиони денари само за доградба, реконструкција, проширување и изградба на градинки. Дополнително за наредната година се планирани 105 милиони денари за инвестиција во инфраструктура во детска заштита, рече Царовска при посетата на градинката „11 Октомври“ во општина Бутел.

Заедно со градоначалникот на Општината, Велимир Смилевски, додаде министерката, имавме можност да го посетиме делот кој е реновиран и со проширен капацитет и зголемен опфат за дваесеттина дечиња.

– Паралелно не само што работиме на инфраструктурата, работиме на јакнење на капацитетите на вработените градинките и на нивна мотивација затоа што платите во градинките беа на лошо ниво, рече министерката и потенцира со последното зголемување платите во просек во оваа дејност се зголемени за  5.700 денари само за две и пол години.

Градоначалникот Смилевски истакна дека Општина Бутел во изминатите две години, со поддршка и на МТСП, сериозно работело на решавање на сите проблеми во градинките.

– Како Општина во изминатите две години потрошивме повеќе од 19 милиони денари за реновирање и потребна опрема за детските градинки и децата, рече градоначалникот и најави дека во наредните две години ќе се изгради нова градинка, а сите останати објекти ќе бидат средени.

Next Post

Три години затвор за Зоран Милевски – Кичеец за „Рекет“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk