ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров: Остануваме посветени на исполнување на заложбите на ОБСЕ

Северна Македонија е целосно посветена на исполнувањето на сите заложби на Организацијата за безбсност и соработка во Европа, ја подржува нејзината улога, и е благодарна на  подршката што таа ја дава на нашата држава, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на 26-от Министерски совет на ОБСЕ, што денеска и утре се одржува во Братислава, Словачка

December 5, 2019 19:23
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е целосно посветена на исполнувањето на сите заложби на Организацијата за безбсност и соработка во Европа, ја подржува нејзината улога, и е благодарна на  подршката што таа ја дава на нашата држава, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на 26-от Министерски совет на ОБСЕ, што денеска и утре се одржува во Братислава, Словачка, пренесе МИА.

Димитров ја нагласи важноста и потребата од поголема ангажираност на земјите-учеснички во ОБСЕ за модернизација на Виена документот. Ја реафирмираше посветеноста на земјава за натамошно исполнување на обврските и заложбите кон Организацијата, соопшти МНР.

– Не може да се постигне напредок доколку нема целосно почитување на заедничките вредности: почитувањето на човековите права, основните слободи и демократските норми, економските слободи и одговорноста за постапките, рече Димитров.

Тој искажа честитки за постигнувања на актуелното словачко претседателство со ОБСЕ, и целосна поддршка на претстојното албанско претседавање со Организацијата во 2020 година.

На маргините на Министерскиот совет, Димитров имаше повеќе билатерални средби, меѓу кои и со новиот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел, со Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, со шефовите на дипломатиите на Австрија Александер Шаленберг, на Холандија Стеф Блок, на Литванија Линас Линкевичиус, на Летонија Едгарс Ринкевич, на Естонија Урмас Реинсалу, на Белгија Филип Гофин, на Романија Богдан Ауреску, на Ирска Симон Ковени, со генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер и  високиот комесар за национални малцинства Ламберто Заниер, како и со заменик министерот за надворешни работи ан Италија Марина Серени и со Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите на Светата Столица.

На средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, беа разменти мислења за идните активности на Европската комисија во контекст на што поскоро постигнување консензус за добивање позитивна одлука за отпочнување преговори со ЕУ. Ова е нивна петта средба, но прва по неодамнешното преземање на новата функција на Борел.

И на средбите со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, фокусот на разговорите беше ставен на можноста за заеднички успех со Унијата, преку што поскоро постигнување консензус за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, што е во интерес не само за земјата и регионот, туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива.

На средбите со генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер, како и со високиот комесар за национални малцинства Ламберто Заниер, се разговараше за актуелната меѓусебна соработка. Заеднички беше позитивно оценета поддршката што ја дава ОБСЕ во реализацијата на владините реформи.

На средбата со в.д. помошникот секретар за европски  и евроазиски прашања Филип Рикер, беа разменети мислења од регионално и пошироко значење на евроатлантските односи, со акцент на за нас историскиот Самит на НАТО во Лондон, се вели во соопштението од МНР.

На Министерскиот совет во Братислава, шефовите на дипломатиите на земјите – учеснички на ОБСЕ разменуваат мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Словачкото претседавање.

Се очекува Министерскиот совет да усвои одлуки и декларации што се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

Next Post

Царовска: Реформата во пензискиот систем дава одлични резултати

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk