ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Владата еуфорична за НАТО, реално оптимистична за преговори со ЕУ

Прашан дали во разговорите со Макрон добил позитивни вести за можно одблокирање на процесот во наредните месеци, Заев порача дека верува во добри вести наскоро, но со „реалистичен“ оптимизам.

December 5, 2019 09:28
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија на вчерашниот самит на НАТО застана рамо до рамо, како рамноправна и речиси полноправна членка, со сите лидери на Алијансата и беше дочекана и поздравена како таква, со ветување од Мадрид за брза ратификација. Премиерот Зоран Заев последните два дена во Лондон имал прилика да размени мислење неколку пати и со францускиот претседател, Емануел Макрон, кој во октомври го блокираше отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ условувајќи го со длабока реформа на преговарачкиот процес, пренесе МИА.

Запрашан дали во разговорите со Макрон добил позитивни вести за можно одблокирање на процесот во наредните месеци, Заев порача дека верува во добри вести наскоро, но со „реалистичен“ оптимизам.

-Јас сум уверен дека следува убава одлука, убаво време за нас, не можам да споделам ништо затоа што како најголем оптимист, сега сум реалистичен оптимист. Работите се движат во позитивна насока, наше е да продолжиме да работиме, да продолжиме со реформи и се надевам дека вистинската одлука ќе биде донесена, односно историската грешка што ја направија ќе биде исправена, не сакам со тоа да делам оптимизам никако, треба да бидеме посветени да ја европеизираме Македонија со повеќе вредности и реформи а штом ќе одлучат да ни соопштат, изјави вчера премиерот Заев.

Макрон, од своја страна, се покажа многу порезервиран во однос на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија и одбива по секоја цена да ги одвои двете земји, сметајќи дека тоа би било „смртоносна“ грешка.

-Пред било кое ново отворање преговори многу експлицитно кажав дека сакам да се реформира процедурата, таа да биде реверзибилна и да овозможи диференцијација, да биде пополитичка и да биде придружена од фази на стратешки партнерства со соодветни инвестиции, објасни шефот на француската држава.

Тој смета дека Балканот треба целосно да биде дел од Европската Унија и дека тоа е геополитички предизвик.

-Целта кон Западниот Балкан ни е целосно да ги вкотвиме од европска страна, тоа е геополитичкиот предизвик, тоа вкотвување можеби поминува преку перспективата на зачленување за некои, но треба да бидеме јасни дека поминува преку фази на стратешки партнерства и инвестиции. Основа грешка што ја направивме колективно беше да сметаме дека нашиот единствен однос кон западниот Балкан е членството. Може во даден момент да има членство. Многумина велат отворете ја процедурата, знаеме дека нема да се зачленат пред десет години, па отвораме и никогаш нема да затвориме, смета Макрон, додавајќи дека механизмот на „автоматско“ проширување кон западниот Балкан не е „здрав“.

Тој не пропушти да ги пофали постигнувањата на Владата на Северна Македонија во однос на договорот со Грција и уставните промени, но се чини дека тоа за него не е доволно за позитивна одлука во брзо време.

-Сметам дека пристапната процедура е премногу бирократска, конфузна, не е читка, не може да се сопре и не е релевантна, вклучително за засегнатите земји. Прашајте ги Србите дали им се менува животот на секое отворање поглавје, мораме да ја реобмислиме процедурата на постратешки начин, рече Макрон.

Францускиот претседател сепак остави надеж дека до самитот ЕУ-Западен Балкан под хрватско претседателство во мај некакво поместување е можно.

-Пред било кое отворање на преговори процедурата мора да се направи пореверзибилна и се надевам дека ќе успееме тоа да го сториме пред самитот во Загреб, рече Макрон и додаде дека отворањето преговори нема да значи никаков автоматизам во однос на затворањето на тие преговори.

Тој им упати порака и на другите земји членки на ЕУ во однос на иднината на проширувањето и рече дека нема да прифати нова земја членка во ЕУ доколку претходно не се реформира процесот на консензуално одлучување и не се воведе поголема стапка на одлучување преку квалификувано мнозинство. Друг услов ќе биде земјите на ЕУ да прифатат дека не може секоја земја членка да има свој комесар во Европската Комисија, како што впрочем предвидува Лисабонскиот договор, но е одредба која сѐ уште не се применува поради тоа што голем број земји членки одбиваат да се откажат од таа „привилегија“, иако, во теорија, еврокомесарите треба да се целосно независни од земјите од кои доаѓаат, како и од политичките партии.

Според него тие што сакаат проширување треба да одговорат и на прашањата поврзани за внатрешните реформи на ЕУ, чија цел е да се поедностави процесот на одлучување и на функционирање на Унијата.

Next Post

„Чадорот“ победи!

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk