ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Ангелите“ од Белата палата

Оваа наследничка вмровска гарнитура која во ниеден момент не смогна сили да се огради од безумното расипничко трошење на народните пари, на потрошените 700 милиони евра на стиропор и барок што го концентрира на неколку квадратни километри само во центарот на Скопје, што остави градежен хаос во сите градови, во арамиски проекти... тие такви имаат образ да зборуваат за економија и за пропаст?

December 6, 2019 15:35
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Како само уеспеваат да испоганат за сè што ќе се дофатат, тоа е неверојатна умешност, мора да им се признае.

Па истрчаа  денес дечките од ВМРО-ДПМНЕ со изјави и со конструкции и велат  – „Ги прочита и баба Перса. Македонската економија клекна на колена откако СДСМ дојде на власт“.

Македонската економија клекнала на колена… одекнува тоа како ехо во вмровските уши и се вергла и повторува од будимпештанските портали.

Во која димензија живеат овие луѓе? Кои се овие и како е можно да си дозволуваат таква комоција? Забораваат дека ние што сме тука способни сме барем рационално да рассудуваме, или навистина си дозволуваат до толку да не потценат. Ние и да сакаме не е можно да заборавиме каква елементарна непогода ни се случуваше изминатите 11 години од нивното владеење, па сега нели чекаме дечките од Белата палата да ни кажат дека за 2 и кусур години може да се решат сите проблеми (и комунални) кои тие толку ревносно се потрудија да ни ги остават.

Ова е разработена пракса на Центарот на комуникации од Белата палата. Така тие се обидуваат да се налепат и за еколошките проблеми, за загадувањето во Скопје и во другите градови, се обидоа без никаков срам да кренат глас и за дивоградбите и градежниот хаос во Охридскиот регион. Како можеме да заборавивме дека безмалку цела локална структура во Македонија до пред само две години беше комплетно под вмровска власт и тоа неколку мандати со ред?

Како да заборавивме на оние гротескни идеи за парапетчето околу Охридското Езеро, побогу?

Оваа наследничка вмровска гарнитура која во ниеден момент не смогна сили да се огради од безумното расипничко трошење на народните пари, на потрошените 700 милиони евра на стиропор и барок што го концентрира на неколку квадратни километри само во центарот на Скопје, што остави градежен хаос во сите градови, во арамиски проекти… тие такви имаат образ да зборуваат за економија и за пропаст?

Од друга страна, пак, си се чудам како е можно сè уште да ме изненадува ваквото вмровско поведение, си се чудам и не можам да се помирам со фактот дека тие од Белата палата се обидуваат да се направат како да се паднати од небо и како се обидуваат да ја искористат секоја мака и секој медиумски експлоатиран проблем, да се надоврзат на тоа и да го испревртат.

Овие остатоци онакви безобзирни и такви раскалашени си ги замислувам ненаситни испоседнати во тој цел расипнички раскош со тие дебели тепеси и мермери, испоседнати на кралски фотељи во Белата палата како врзуваат приказни и мотаат сценарија за да ја стават баба Перса во нивни контекст и безобзирно да се надоврзуваат на проблемите на поединечните случаи на граѓани.

Вие можете да се правите недоветни и паднати од небо драги мои колку сакате, но падобраните сте ги заборавиле, затоа повторно и повторно ќе треснете од земи на глава, исто онака како што ги трескате од земи и ги поганите маките на граѓаните.

Не ми изигрувајте ангели. Скријте се во ѓаволското дувло и не подавајте жива политичка глава, ако сакате колку толку да ви остане не набиена на јавен колец, тоа ќе ви е најпаметно.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk