Најмалку двајца загинаа кога се урна шесткатна зграда во главниот град на Кенија, Најроби, јавија надлежните.
Како што се наведува, се стравува дека има уште заробени луѓе под урнатините.
Локалните жители спасиле најмалку десетмина ископувајќи ги од под урнатините со голи раце, а осуммина се пренесени во болница.
Некои луѓе се заробени под урнатините на зградата и спасувачите се обидуваат да ги извлечат, но тоа е многу опасно, затоа што градбата е нестабилна.
За сега не се знае поради што паднала зградата. Црвениот крст соопшти дека во неа живееле 22 семејства, а сопственикот на зградата не е тука, ниту пак живее таму.
На помош на спасувачите им дојде и војската. Довезена е тешка опрема.