ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Орбан ќе ја заостри контролата над театрите

Според нацрт-законот, владата ќе формира Национален културен совет, на чело со министер, со задача „поставување приоритети и насоки што треба да се следат во унгарската култура“

December 9, 2019 23:24
in КУЛТУРА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според нацрт-законот, владата на Унгарија планира да формира Национален културен совет, на чело со министер, со задача „поставување приоритети и насоки што треба да се следат во унгарската култура“, пишува Ројтерс.

Министерот исто така би имал главен збор во назначувањето или разрешувањето на театарските режисери во институции кои се заеднички финансирани од државата и општината.

„Фундаментален услов е активности што спаѓаат под покровителство на овој закон, активно да ги бранат интересите на благосостојбата на нацијата“, се вели во законот.

Откако премиерот Виктор Орбан ја освои власта во 2010 година, неговата десничарска партија „Фидес“ го смени уставот на Унгарија, ја презеде контролата врз државните медиуми, и бизнисмените блиски до Орбан и партијата изградија империи.

Неговата влада честопати се судри со Европската унија околу, како што велат неговите критичари, постојана ерозија на демократските “checks and balances” во оваа централноевропската земја од 10 милиони луѓе.

Орбан честопати ги оспорува западните либерални табуа и откако победи на изборите во 2018 година, (негова трета по ред победа), направи големи промени, тврдејќи дека го има „мандат за градење нова ера“.

Неговите приврзаници побараа да се стави крај на, како што сметаат, доминацијата во унгарската култура на левичарско-либералните идеи. Орбан вели дека неговите изборни победи му даваат мандат да редефинира различни аспекти на националниот живот.

„Ерата е одредена од културните трендови, колективните верувања и социјалните обичаи. Ова е сега задачата со која се соочуваме: ние мора да го вградиме политичкиот систем во културна ера “, рече Орбан минатата година.

Портпаролот на владата во петокот потврди дека владата треба и ќе има повеќе ингеренции во работењето на театрите што делумно ги финансира. Тој рече дека неодамнешниот случај на сексуално вознемирување во театарот во Будимпешта ги поттикна неопходните измени бидејќи владата во моментов нема моќ да го разреши директорот на театарот.

Гергели Караксонија, либерален социолог избран за градоначалник на Будимпешта во октомври (редок неуспех за Фидес), на својата страница на Фејсбук напиша дека законот е чекор „во многу лоша насока“.

„Овој предлог ќе ја елиминира културната разновидност, што произлегува од слободата – што значи дека уметниците ќе се држат на политичка јамка“, рече Караксони.

Унгарското театарско друштво исто така издаде соопштение во кое се вели дека планот ќе ги намали уметничките слободи на неприфатлив начин.

Ј. Ѓ.

Next Post
фото: narodnopozoriste.rs

„Печатот на Народно позориште“ за „Животот е убав“ и Никола Ристановски

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk