ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев најавува градење заеднички ставови, Османи дека нема да се менува Законот за јазици

Градење на заеднички ставови за препораките на Венецијанската комисија со цел тие да имаат соодветна примена, најавува премиерот Зоран Заев. Од друга страна, вицепремиерот Бујар Османи вели дека ќе се почитуваат препораките преку создавање на капацитети со цел имплементирањето на двојазичноста да не создава проблеми во општеството

December 11, 2019 09:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градење на заеднички ставови за препораките на Венецијанската комисија со цел тие да имаат соодветна примена, најавува премиерот Зоран Заев. Од друга страна, вицепремиерот Бујар Османи вели дека ќе се почитуваат препораките преку создавање на капацитети со цел имплементирањето на двојазичноста да не создава проблеми во општеството, пренесе МИА.

Заев вчера најави дека до крајот на неделата ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да може да се усогласи заедничко решение.

Овој закон е една од алките што не спојува во државата и така ќе продолжиме во иднина градејќи заеднички ставови и сите препораки кои ги кажува Венецијанската комисија да дојдат до светлото на денот, односно да имаат своја соодветна примена. Веќе до крајот на неделата кај мене ќе се организираат состаноци на соодветните институции за да можеме да го усогласиме ваквото решение за навистина препораките од Венецијанската комисија да го добијат она за кое што со причина укажуваат, а тоа е растење на капацитетите на самите институции заради примената. Верувам дека токму тоа ќе биде во заеднички дух, онака како што имаме намера заеднички да го прифатиме, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Вицепремиерот Османи, пак, смета дека нема потреба од менување на Законот за јазиците, туку дека треба да се најдат начини за спроведување на мислењето на Венецијанската комисија. Најавува добри акциони планови за да се создадат капацитети со цел двојазичноста полесно да се имплементира и да не предизвика никакви проблеми во судството.

Можеби има различни интерпретации за начинот како ќе се имплементираат тие препораки. Венецијанската комисија вели не смее двојазичноста поради недостиг на капацитети да предизвикува одредени проблеми во судството. Затоа нашиот пристап ќе биде преку добри акциони планови да создаваме капацитети со цел двојазичноста полесно да се имплементира и да не предизвикува никакви проблеми во судството. Бидејќи, како што реков, колку што е важно правото за јазик, толку е важна и правната држава, рече вчера Османи.

Од друга страна, пратеникот на ДУИ Артан Груби гостувајќи во емисија на телевизија Телма обелодени дека договорот бил да се испратат на мислење пред Венецијанската комисија само делови од Законот.

– Коалицискиот договор беше да се однесат во Венецијанската комисија само деловите од членот 8, параграф 1 кој се однесуваше на парите, униформите и хартиите од вредност и мислење да се добие од Венецијанската комисија само по тој параграф, рече Груби, додавајќи дека ДУИ не е согласна целиот закон да се разгледува во Венецијанската комисија бидејќи законот одредува материја од Охридскиот рамковен договор и го заокружува нормативниот дел.

Според него, нема критики, туку препораки од Венецијанската комисија за зајакнување на капацитетите на институциите да го спроведуваат Законот.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, препораките од Венецијанската комисија се меѓународна шлаканица за коалицијата на власт. Оттаму најавуваат амандмани на Законот за употреба на јазиците.

СДСМ да се охрабри и да ги поддржи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, побара вчера пратеникот Драган Данев, кој не прецизираше што ќе содржат предлозите на опозициската партија.

Next Post

Во нападот во хотелот во Могадишу 11 убиени

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk