Тенискиот портал tennis.com го избра Новак Ѓоковиќ за најдобар тенисер во изминатата деценија.
Ѓоковиќ во тој период успеа да ги надмаши најголемите ривали, Роже Федерер и Рафаел Надал и освои најголем број Гренд слем титули.
Фактот дека од пред почетокот на оваа декада имаше само една Гренд слем титула, а дека од 2010 година до крајот на 2019 година освои дури 15, јасно говори колку Новак бил доминантен во светот тенис.
Ѓоковиќ во тој период оствари учинок од 627 победи и точно 100 порази, а се тоа го направи во ситуација кога публиката беше на страната на неговите ривали, Федерер и Надал.
Сцените од овогодинешното финале на Вимблдон ќе им остане на многумина во сеќавање, публиката беше со Федерер, но Новак успеа тоа да го надмине и да излезе како победник по четири часа и 57 минути игра.
Колку му било тешко на Новак сведочат и зборовите на тенискиот стручњак Пол Анакон.
– Несреќа за Новак е што тој се појави во ерата на Надал и на Фередер. Беше фантастичен, но тешко му е затоа што многумина не го ценат тоа што го направи покрај нив двајца – вели Анакон.
– Новак мора да биде тоа што е. Кога повторно го освои Вимблдон веќе не се трудеше да придобие никого. Немаше падови на трева, крик на радост, обид да се слави со публиката која беше против него. Победи за себеси. Тој е шампион, просто и едноставно, додава Анакон.







