Пратеничката Фросина Ременски рече дека не завршила со увид во доказниот материјал против неа, а воедно, не знае ниту колкав обем на материјали има Русковска против неа, пренесува А1он, откако нивнаа новинарска екипа успеа да ја стигне по вршењето увид во доказите во истрагата за невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, каде таа беше почесен претседател.
„Јас мислам дека вие како новинари треба да се интересирате и за многу посериозни случаи отколку да правите медиумска фама околу нешто што е повеќе приватен интерес“, одговори Ременски на едно од новинарските прашања, додавајќи дека не ги избегнувала камерите пред ОЈО.