ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа

Истрагата за Ременски е завршена

December 17, 2019 14:06
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката Фросина Ременски денеска по давањето исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека добила решение дека истрагата за неа е завршена и оти очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа.

-Денеска дадовме одговори и појаснувања за прашања кои што можеби биле причина за отворање на истрагата. Секако ги расчистивме сите прашања кои се во тој контекст како дилема на Јавното обвинителство. Сметаме дека врз основа и на исказите и врз основа на прибраните докази Јавното обвинителство ќе цени да ја запре постапката кон мене во овој случај, рече Ременски.

Таа потврди дека добила решение за завршена истрага кон неа и дека ќе ги искористат сите законски права до конечната одлука на Јавното обвинителство.

Ременски по исказот во Обвинителството кажа дека јавноста треба да се позанимава со дејствијата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски, за тоа што тој преземал по службена должност околу пријавувањето на дејствијата од страна на фамилијата Камчеви.

-Која е улогата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што преземал како службени дејствија? Дали ако нешто превзел, ќе си дозволеа министерот за внатрешни работи и премиерот во март месец да присуствуваат на прославата на телевизијата и да даваат видео честитка, рече Ременски и додаде дали е можеби тоа прашање за некаква корупција имајќи предвид дека е потстанар кај адвокатот на семејството Камчеви.

Очекував, истакна Ременски, овие сериозни прашања да бидат повеќе истражени од медиумите и на јавноста да и биде поподатливо за што се работи.

-Кога професор по безбедност ќе стане таргет на параполициски структури, кога ќе стане таргет во една разузнавачко и параполициска ситуација и кога ќе се најде во ваков апсурд пред надлежните институции да се правда за нешто дали сторил или не, додека на сите останати  на кои професорката им го открила криминалот ќе се трудат тој воопшто да не биде дознаен во јавноста, рече Ременски.

Ременски вчера по излегувањето од Обвинителството, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за овој случај, рече дека видела сè, освен докази. Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

На распит кај обвинителката Вилма Рускоска вчера во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“ беше потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ.

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица,  се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Во овој случај осомничени се и Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и неговата асистентката Христина Блажевска.

Next Post

Тимоние: Отворањето на преговори за членство во ЕУ треба да е одраз на заслуги

Shortcut

Најново

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk